Фев 28, 2014

Ќотек со каиш = одличен фудбалски менаџер

Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон изјави дека сите успеси во фудбалот ги должи на неговата омилена учителка која во основно училиште често го тепала со каиш.Најтрофејниот фудбалски менаџер призна дека истиот тој каиш сега е закачен во неговата работна соба кај него дома, а го добил кога починала учителката Елизабет Томсон.„Шест удари со тој каиш и ќе бидете во агонија. Тоа беше казната, во мој случај најчесто затоа што што се тепав во дворот“, наведува Фергусон во текстот „Мојата најдобра учителка“.Фергусон во текот на менаџерската кариера беше познат како…

Фев 28, 2014

Познати двојките за 1/8 финалето во Лига Европа

Впечатливо за ова извлекување се андалузиското градско дерби помеѓу Севиља и Бетис, но и италијанската пресметка помеѓу Јувентус и Фиорентина. Првите натпревари се закажани за 13-ти март, а возвратните седум дена подоцна. Еве ги и останатите двојки : АЗ Алкмар – Анжи Севиља – Бетис Јувентус – Фиорентина Тотенхем – Бенфика Лудогорец – Валенсија Олимпик Лион – Викторија Плзен Базел – Салцбург Порто – Наполи.

Фев 27, 2014

Крај на кариерата на Дел Потро?

Според пишувањето на разни медиуми, кариерата на Хуан Мартин Дел Потро е под знак прашалник поради проблемите со зглобот.Тој после долгиот медицински тајм аут мораше да го предаде натпреварот против Сомедев Деверман во Дубаи после тај брејкот во првиот сет. Дел Потро во текот на целата своја кариера се мачи со зглобовите, што можеби е и најлоша повреда за еден тенисер.“Не е баш позитивно за мојата иднина. Ќе направам се што ќе ми каже мојот доктор и ќе морам да бидам пред се ментално силен. Ќе видам дали ќе биде потребна операција, тоа сеуште не го знам. Но, она што го знам е дека не се чус…

Фев 27, 2014

Фетел разочаран, паника во Ред Бул

Шефот на екипата на Ф1 тимот Ред Бул, Хелмут Марко, го вклучил алармот во екипата, затоа што болидот со кој моментално управува четирикратниот светски првак, Себастијан Фетел, не е ни приближно спремен за првата трка оваа сезона. “Ни 10 милиони евра не би ги решило нашите моментални проблеми. Рено мора да ја подобри изведбата на моторот, инаку ќе сме во големи проблеми“, рекол Марко за германскиот Bild. На последното тестирање Фетел бил за повеќе од 6 секунди заостанување, по круг, од Мерцедесот на Нико Розберг, а доколку тоа заостанување не се намали, спрема правилата на меѓународната авто…

Фев 26, 2014

Тажна олимписка приказна

На неодамна завршените зимски олимписки игри во Сочи, руската акробатска скијачка Марија Комисарова (23), доживеа тешка несреќа и се парализирала од половина надолу. Веста по пат на Инстаграм ја објавила самата Марија. “Не чувствувам ништо од половина надолу. Но јас сум силна! И знам дека еден ден повторно ќе застанам на свои нозе!” Русинката на 15 февруари доживеа тежок пад при кој го скрши 12-тиот пршлен. Комисарова веднаш беше оперирана во блиската болница а потоа беше префрлена во специјалистичката клиника во Минхен, каде имала повеќекратни операции. По враќањето во Русија ја посетил и …

Фев 26, 2014

Боксерски ракавици од речиси милион долари

Ракавиците кои Мухамед Али ги носеше кога ја освои светската титула во 1964 година се продадоа за 836.500$, објави ЕСПН.Али го совлада Сони Листон на 25 февруари 1964 за првпат да ја освои титулата, а ракавиците беа продадени како дел од комеморацијата на 50-годишнината од тој меч.Листон беше апсолутен фаворит пред мечот, но Али, тогаш се уште познат како Касиус Клеј, доминираше во првите шест рунди додека Листон не се откажа на столчето. Ден по мечот, Клеј го промени името во Касиус Екс, а една недела подоцна во Мухамед Али.{loadposition content9}

Фев 26, 2014

Ван Перси ги обвини соиграчите

Олимпијакос има големи 2-0 за возвратниот натпревар на Олд Трафорд за две недели. “Ова е најлошиот натпревар кој сме го одиграле во Европа оваа сезона. Не заслуживме ништо повеќе од ова што ни се случи. Изненаден сум, не очекував вакво нешто. Ја превземам целата одговорност за ваква изведба. Мораме да играме подобро. Гледам дека и играчите се погодени со овој пораз”, рекол Дејвид Мојс, кој е на удар на жестоки критики. “Единствена добра вест во целата приказна е дека има возвратен натпревар. Ќе направиме се што може за да се надокнади овој заостаток. Олд Трафорд видел многу наши големи натп…

Фев 25, 2014

Ова е права срамота !

“Имам екипа, но немам напаѓач. Да, го имам Самјуел Ето, но тој има 32 години. Можеби 35”, рекол во шала, “off the record”, менаџерот на Челзи Хозе Мурињо. Меѓутоа неговите зборови ги пренела една француска тв станица. Исто така додал во неформалниот разговор дека може да дојде до искушение за да го доведе колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао. “Јас немам напаѓач а тој нема гледачи затоа што игра пред 3000 посетители”, се потсмевал Мурињо на слабата посетеност на стадионот на Монако. Мурињо би требало да знае дека во јавност секогаш мора да внимава што зборува, без разлика дали се работи за сл…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top