Апр 4, 2014

Сер Алекс Фергусон со нова работа

Најуспешниот британски менаџер во историјата ја прифатил понудата од универзитетот Харвард, и  од следниот месец ќе држи редовни предавања на идни менаџери од целиот свет. Тој пред помалку од една година на одделот за бизнис на универзитетот во Харвард им ги дал на увид своите тајни на својата менаџерска кариера. 72 годишниот експерт, кој се повлече минатото лето по 26 годишно водење на Манчестер Јунајтед, ќе започне со нова работа во склоп на програмата “Забава, медиуми и спорт како работа”. “Пресреќен сум што имам прилика и привилегија да го дадам својот придонес во ваков престижен центар…

Апр 3, 2014

Болдер маратон на локалитетот Трескавец

Од петок до недела на локалитетот Трескавец во Прилеп ќе се одржи болдеринг маратон „Крале Марко” на кој ќе учествуваат околу 250 љубители на овој екстремен спорт. Претстојниот маратон беше една од главните причини за посета на Општина Прилеп од страна на претставниците од Македонско спортската качувачка федерација и компанијата за производство на помагала и опрема за болдеринг PETZL во средата.Ерван Ле Лан, директор за промоција и организација на настани од PETZL, притоа изјави дека во Прилеп веќе е започнато со снимање филм кој има за цел промоција на локации погодни за изведување на овој…

Апр 2, 2014

Спорот за името повторно вмеша прсти во спортот

Грчката делегација вклучи аларм против користење на уставното име на Македонија на Европското првенство во борење кое се одвива во Финска.Капитенот на грчката делегација Панајотис Векри поднел приговор до Европската федерација поради именување на македонскиот тим под името Македонија, а не под привремената референца ФИРОМ. „Приговор до органите на Европската боречка федерација по повод името на БЈРМ за време на Европското првенство кое почна во Финска поднесе грчката делегација. Капитенот на тимот и член на Управниот одбор на Грчката боречка федерација, Панајотис Векрис поднесе приговор, би…

Мар 31, 2014

Дали е ова крај на една блескава кариера

Неодамна најави дека сеуште не донесол конечна одлука околу завршувањето на кариерата, но Ивано Балиќ порача дека или ќе прекине или ќе одигра уште една сезона за германскиот Wetzlar. На натпреварот против Minden, Балиќ ја напуштил играта веќе во 10 минута, а подоцна тамошните медиуми напишаа дека се работи за скинат лист од десната нога. Повредата на тој мускул, на ракометниот Моцарт, го мачела и од порано, а оваа вест би можела да значи и дефинитивен крај за кариерата. Оваа сезона дефинитивно нема да заигра повторно, а ќе видиме дали овој несреќен натпревар ќе му биде и последен. Wetzlar …

Мар 30, 2014

Хамилтон победник во Малезија

Возачот на Мерцедес Британецот Луис Хамилтон е победник на трката од Фомула1 во Малезија која денес се возеше на патеката Сепанг. Второто место со заостанување од 17,3 секунди го завзеде неговиот тимски колега Нико Розберг, додека трет на целта беше актуелниот светски првак Себастијан Фетел. На Луис Хамилтон ова му е прва победа во Малезија, а Розберг, кој беше победник на првата трка во Австралија, останува водечки во генералниот пласман. Освојувачи на поени во Малезија:  1. Luis Hamilton (Mercedes) 2. Nico Rosberg (Mercedes) 3. Sebastian Vettel (Red Bull) 4. Fernando Alonso (Ferrari) 5. N…

Мар 30, 2014

Време е за нова тениска класика

Најдобриот тенисер на светот Рафаел Надал за противник во финалето на мастерс турнирот во Мајами го има вториот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ. Новак ќе проба да ја освои својата четврта титула во Мајами во 20.30 чаот по средноевропско време. Нивниот дуел е јубилеен 40-ти на АТР турнирите, а шпанскиот ас води со 22-17. Последните два меча Ѓоковиќ и Надал ги одиграа во Пекинг и Лондон, двата во финале и во нив славеше Србинот. Интересно е тоа што и двајцата до финалето во Мајами стигнаа без борби во полуфиналето.Томас Бердих го предаде мечот со Надал поради стомачни проблеми, додека противн…

Мар 29, 2014

Акција на навивачите

Дел од навивачите на Манчестер Јунајтед изнајмиле авион кој во сабота, 15 минути, пред почетокот на натпреварот со Астон Вила од 32-коло од Премиер лигата, ќе го надлетува Олд Трафорд, пренесуваат англиските медиуми. За авионот ќе биде закачен транспарент со кој навивачите на црвените ѓаволи сакат да му порачаат на Дејвид Мојс дека времето му е истечено, односно да го напушти клубот. На транспарентот ќе пишува „Wrong one, Moyes out”. Шкотскиот експерт истакнал дека слушнал за акцијата на навивачите, но и дека е поспрен од кога и да било да истрае во својата битка. Екипата од Олд Трафорд мом…

Мар 29, 2014

Хамилтон на пол позиција во Малезија

По многу лоши временски услови за возење и по одложување на неколку часа на квалификациите, Британецот успеа да отствари најдобро време, на квалификациите, од 1:59.431, пред шампионот Себастијан Фетел. На третото место се најде победникот на првата трка во Австралија Нико Розберг а покрај него во стартниот грид ќе се најде Фернандо Алонсо. Трката за големата награда на Малезија стартува во недела во 10.00 часот. Стартниот редослед на првите десетмина изгледа вака: 1. Lewis Hamilton (Mercedes) 1:59.431 2. Sebastian Vettel (Red Bull-Renault) +0.055 3. Nico Rosberg (Mercedes) +0.619 4. Fernand…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top