Мај 6, 2015

Барселона вечерва бара освета

Три години откако ја напушти Барселона, Пеп Гвардиола по прв пат се враќа на Ноу Камп во официјална посета. Неодамна ја следеше победата на својот екс клуб во Ел Класико и ужуваше во мајсториите на Лео Меси. Сега дојде и тој момент да води тим кој ќе се соочи со неговата Барса и неговиот омилен Аргентинец. Пеп дома пристигнува со Баерн Минхен кој успеа да го скрши митот на “тика-така”, но оној на Хејкенс пред две години кога во полуфиналето Барселона беше прегазена со вкупни 7-0. Луис Енрике успеа малку да ги смени работите и играта да ја направи малку повертикална, а Меси го прифати своето…

Апр 27, 2015

Четирите гиганти во Лигата на шампиони прикажани низ бројки

Фудбалската лига на шампиони дојде до самата завршница, а во полуфиналето ќе се сретнат Барселона – Баерн Минхен и Јувентус – Реал Мадрид. Фудбалските експерти се сложуваат во една работа, а тоа е дека во моментов во светскиот фудбал ова е најдоброто што се нуди, но и гледано низ бизнис бројките, тоа е врвот. Јувентус е најсиромашен, приходите во минатата сезона биле само 279 милиони евра, а најголем дел од тоа е од продажба на влезници. Приходите на Барселона се 484 милиони евра, од што најмногу од реклами, додека Баерн Минхен заработил 487 милиони евра и е лидер во продажба на дресови. Ти…

Апр 24, 2015

Повторно спектакуларни натпревари во Лигата на шампиони

Интересен е податокот дека единствено Баерн Минхен го добил повеќе пати Реал Мадрид во Лигата на шампиони отколку Јувентус. Баерн славел осум пати, а Јувентус пет. Ждрепката сакаше да се сретнат Јувентус – Реал Мадрид и Барселона – Баерн Минхен, додека во Лигата на Европа се среќаваат Севиља – Фиорентина и Наполи – Днипро. Реал Мадрид, Баерн, Барселона и Јувентус се четирите клубови кои останаа во конкуренција за овосезонската Лига на шампиони. Полуфиналните двојки ги извлече Карл-Хајнц Ридл, светски првак со Германија во 1990 година и освојувач на Лигата на шампиони со Борусија Дортмунд во…

Апр 22, 2015

Навивачите во Англија бесни, Вест Хeм прв попушти

Вест Хем го направи првиот чекор за помирување со лутите англиски фудбалски навивачи. Клубовите се сѐ побогати, а цените на билетите поскапи. Затоа мнозинството навивачи се огорчени и разочарани во модерниот англиски фудбал. Причината е големиот прилив на пари од ТВ правата. Sky и BT Sport палатиле преку 5 милијарди фунти за три сезони што на клубовите ќе им донесе неверојатно големи суми на пари. Во источен Лондон, клубот на работничката класа одлучи да го направи единственото логично, а тоа е дека во сезоната 2016/2017 годишните влезници ќе бидат поевтини. Најевтиниот сезонски билет за на…

Апр 21, 2015

Пеп Гвардиола против историјата

Фудбалерите на Баерн вечерва на својата Алианц арена против Порто ќе мора по прв пат во својата историја да надомести два гола од првиот натпревар во некое европско натпреварување, доколку сака да оди понатаму. Порто минатата среда ги искористи сите подароци на одбраната на Баерн и со три погодоци во мрежата на Ноер го совлада првакот на Германија со 3-1 во првиот натпревар. И покрај лошиот настап, играчите сеуште веруваат во позитивен исход, кога ќе се собере вкупниот резултат. “Не смееме во натпреварот да влеземе со превисок набој. Мораме да бидеме мудри, не смееме да јуришаме. Екипата е …

Апр 17, 2015

Комплетниот лекарски тим на Баерн го напушти клубот

Гостувањето на Баерн во Порто не донесе само пораз од 3-1 туку и заминување на комплетниот лекарски тим. Виновник за оваа ситуација е Пеп Гвардиола кој ги обвини токму нив за поразот во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Да потсетиме, Баерн во клучната фаза од сезоната игра без најголемите ѕвезди Рибери, Робен, Швајнштајгер, Алаба, Мартинез, а од неодамна во натпреварот со Леверкузен се повреди и важниот дефанзивец Мехди Бенатиа. Токму неговата повреда го предизвика Гвардиола да направи, за Германците, прилично безобразен потег. Се свртел спрема лекарскиот тим и иронично почнал да им апл…

Апр 15, 2015

Барселона во лов на историски потфат

Четири европски великани оваа сезона можат да дојдат до трите највредни клупски трофеи, таканаречен “treble” – Лигата на шампиони, првенството и националниот куп. Барселона има освоено “treble”, додека на ПСЖ, Јувентус и Баерн тоа би им било по прв пат. Колку е тоа тешко во една сезона говори податокот дека со ова можат да се пофалат само шест клубови: Селтик (1967), Ајакс (1972), ПСВ (1988), Манчестер Јунајтед (1999), Барселона (2009) и Интер (2010). На оваа листа очигледно го нема Реал Мадрид, десеткратниот првак на Европа, официјално најдобриот клуб на 20 век и реално најголемиот клуб на…

Апр 14, 2015

Монако во лов на невозможното

Екипата од кнежевството приреди низа од изненадувања и стигна до четвртфиналето на елитното натпреварување каде сега ги чека италијанскиот првак Јувентус. Монако во групата го освои првото место пред Баерн Минхен, Зенит и Бенфика примајќи само еден гол во шест средби, а потоа во осминафиналето го елиминира Арсенал. “Кога си заминаа Џејмс и Фалкао, француските медуими ни предвидуваа европски дебакл и десетта позиција во француското првенство. Но, ние стигнавме до четрвртфинале, а во француското првенство сме трети”, изјави играчот за врска Мутињо. Португалскиот репрезентативец смета дека Јув…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top