Јан 8, 2009

Папен повторно на фудбалскиот терен

На 45 години и видно во добра форма Жан Пиер Папен се враќа на фудбалскиот терен. Поранешниот напаѓач на Милан и Марсеј, добитник на “Златна Топка“ во 1991 со 54 одиграни натпревари за француската екипа, повторно ќе се активизира во еден аматерски клуб на промоција на неговата татковина. Се работи за Фактур Биганос, актуелно прв во шампионатот каде што учествува. „Минатиот вторник Папен потпиша со нас“- изјави претседателот на малата екипа во зоната Аркачон, во западниот дел на Франција. Ова е подарок за нова година, голема радост“. Францускиот фудбалер учествувал во првите тренинзи и оваа …

Јан 7, 2009

Истрага на WBA во врска со победата на Валуев

Светската боксерска федерација ќе покрене истрага во врска со победата на Николај Валуев над Ивандер Холифилд.Русинот во таа борба победи со одлика на судиите и по втор пат стана првак во супертешка категорија. Публиката во Цирих ја исвирка одлуката на судиите, а спорната борба и понатаму е предмет на полемики.„Бидејќи WBA секогаш се грижи за мислењата на навивачите и медиумите, Извршниот одбор нареди формирање на група на судии кои повторно ќе ја прегледаат снимкта на натпреварот во наредните неколку недели“, пишува во соопштението на WBA.За потсетување,35 годишниот русин, после 12 рунди …

Јан 7, 2009

Ферари со нов болид

Новиот болид на Ферари за новата сезона ќе биде презентиран на 12-ти овј месец.  Првото возило ќе може да се види на официјалната веб страница на овој тим, а веднаш потоа Фелипе Маса ќе го открие болидот на пистата Фирано. Потоа следуваат претставувањата на техничките делови заедно со неговите први тестови на асфалтот. Новото возило го носи името Ф – 2009. Нешто слично ќе прави и екипата на Тојота која само по 3 дена, односно на 15 јануари, на својата интернет страница ќе го презентира болидот наречен ТФ1-09.  {loadposition content9} 

Јан 6, 2009

Фернандо Алонсо остана неповреден во авионска несреќа

Двојниот светски шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо остана неповреден во авионската несреќа која се случи во Малиндиа во Кенија, кога неговото приватно летало за време на полетувањето ја допрело аеродромската зграда и притоа останало без еден дел од крилото. Возачот на „Рено“ се враќал од одмор во кенискиот град, каде бил со својата сопруга, но поради инцидентот морал да го одложи своето враќање дома.„Не е така сериозно како што изгледа, но Фернандо ќе мора да го одложи своето враќање дома, соопшти портпарол на екипата на „Рено“.  {loadposition content9}

Јан 6, 2009

Сафин од тепачка, на турнир

Поранешниот прв тенисер, Марат Сафин и победник на Аустралиан опен дојде да игра на Хопман купот полн со модринки и посекотини.Тој западнал во тепачка во Москва за што и самиот призна, после натпреварот со Симон Болели, а на лицето му се гледаа последиците од тепачката.Сафин гордо изјави дека тој бил победникот во тепачката.„Да победив во тепаката, добар сум сега, се е во ред и ќе преживеам. Едноставно се најдов на погрешно место во погрешно време“.Директорот на Хопман купот Пол Мекнами беше изненаден што Сафин толку доцна пристигнал на турнитрот и бараше да му го одложат мечот на еден ден,…

Јан 5, 2009

Кавасаки го напушта Мото ГП

Јапонскиот гигант Кавасаки, поради светската економска криза, најверојатно ќе ги напушти мото Гран при трките.„Ќе има официјална прес конференција, на која ќе ги потврдиме или негираме гласините“, изјави на официјалниот сајт возачот на Кавасаки Џон Хопкинс.Шпекулациите се појавија откако повеќе компании најавија масовно напуштање на елитните спортови. Вакви најави веќе дадоа Хонда, која ја напушта Формула 1, како и Ауди, Сузуки и Субару кои се откажуваат од Светскиот Рели шампионат.  {loadposition content9}

Јан 5, 2009

Бекам е подготвен за Рома

Новодојдената ѕвезда во Милан Дејвид Бекам тврди дека е физички подготвен за големиот натпревар против Рома кој ќе се случи следниот викенд.Како и на секаде каде што ќе се појави, Дејвид бекам ви Милан привлече големо медиско внимание со самиото свое доаѓање таму, но англичанецот најавува дека би можел да привлече внимание и со својата игра.„Ова е прекрасно искуство. Во својот живот никогаш не ни размислував да не играм на еден натпревар. Од секогаш сум бил спремен да играм и се надевам дека ќе бидам подготвен и за Рома“ изјави Дејвид.Бекам имаше проблеми на кондиционите подготовки, кои беа…

Јан 3, 2009

Карлос Слим се откажа од Хонда

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим вечерва ги демантираше информациите дека ќе стане сопственик на Формула еден тимот Хонда, кој минатиот месец се откажа од понатамошното учество во Формула еден шампионатот. Слим според некој истражувања е вториот најбогат човек на светот кој бил подготвен да ја спаси јапонската екипа од згаснување. Соопштението на пребогатиот Мексиканец Слим го натера техничкиот директор на Хонда Рос Браун да се огласи за да потврди дека никој од неговиот тим нема преговарано со Слим, но дека сепак постојат одредени купци заинтересирани за екипата на Хонда.  {loadpositi…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top