Јан 16, 2009

Манчестер Сити не се откажува од Кака

Од Ф.Ц Милан се надеваат дека Манчестер Сити ќе излезат со уште повисока цена за бразилецот Кака, ако може да им се верува на италијанските медиуми.„Ова е многу чувствителен момент. Стои понуда од Сити за Кака, која од Молан ја разгледуваат“ изјавија италијанските новинари.„Но, сепак ова не значи дефинитивно прифаќање. Конечнта одлука не е донесена, сеуште има време“.Околу 120 милиони евра се ставени на маса. Менаџерот на фудбалерот Диого Кочо во меѓувреме изјави дека Кака добил дозвола од Милан да разговара со претставниците на Сити, и најверојатно Кака заедно со неговиот татко, Боско Леит…

Јан 15, 2009

Томба нокаутиран

Еден од најдобрите скијачи на сите времиња неодамна побара медицинска помош на поликлиниката во Модена. Некогашниот олимписки исветски шампион се обрати до докторитезошто пред тоа добил силен удар во фацата на паркингот од хотелот во Праџалето, кога со бокс го удрил еден возач, русин по националност. Некогашниот скијаки ас минал само со полесни повреди, и ќе се научи во секој случај да паркира, но сепак нема да се откаже од намерата да поднесе тужба против дотичниот силеџија. {loadposition content9}

Јан 15, 2009

Утре почнува Светското првенство во ракомет

Со натпреварот во групата Б меѓу Хрватска и Јужна Кореја, утре во 20:30 часот во Сплит почнува Светското првенство во ракомет за мажи.Фаворити за највисок пласман се бранителот на титулата Германија, олимпискиот шампион Франција, европскиот првак Данска, Шпанија и домаќинот Хрватска.Ќе учествуваат 24 репрезентации распоредени во четири групи, а натпреварите ќе се играат во седум градови: Осијек, Сплит, Вараждин, Пореч, Пула, Задар и Загреб.•    Во групата А ќе се натпреваруваат: Франција, Унгарија, Словачка, Романија, Аргентина и Австралија.•    Во групата Б: Хрватска, Шведска, Шпанија, Јуж…

Јан 13, 2009

Последни тренинзи пред Светското првенство во ракомет

Дваесет дена подготовки, пет контролни натпревари, четири победи, едно реми, два пехара, празници, повреди. Нашите најдобри ракометари минаа низ се што е вообичаено на патот кон Хрватска и второто мундијалско учество.Нема изненадување на списокот на селекторот Темелковски, засега во резерва ќе останат Златко Мојсовски, Недановски, Митревски и Стојанче Стоилов.Добрата работа и триумфите позитивно ја градат атмосферата. Се е според предвиденото, трите последни дена и пет тренинзи пред заминувањето за Вараждин треба да ја најдат фината глазура на формата.„Она што го зацртавме во овој циклус од…

Јан 13, 2009

Амстронг во Австралија

Американскиот велосипедист Ленс Амстронг пристигна во Австралија за да учествува во трката која ќе се вози низ Австралија во текот на идната недела. Седумкратниот победник на Тур де Франс ќе се натпреварува заедно со неговите колеги во екипата на „Астана„ во трката “Down Under”  која ќе се одржи во Австралија, е една од најдолгите и најтешките трки, која се одржува  надвор од Европа. „Немам големи илузии. Се надевам дека ќе се приклучам на трката и ќе се акомодирам во темпото и брзината на меѓу првите 200 велосипедисти„ рече тој37 годишниот велосипедист од Тексас, кој го преживеа ракот,се о…

Јан 12, 2009

Пандев „растура“

Македонскиот напаѓач во редовите на Лацио, Горан Пандев, на мечот против Реџина одигран во рамките на 18-то коло од италијанското првенство имаше брилијантен настап. Пандев на овој меч ги постигна сите три победнички голови за Лацио за победа од 3-2. За напаѓачот на Лацио и репрезентацијата на Македонија ова беше првиот хет трик во серија А. Први во водство дојдоа домаќините и тоа преку Коради со удар од белата точка. По ова, на сцена настапи  Пандев кој во 14 односно 22-та минута постигна два супер гола за пресврт на мечот. Во второто полувреме Реџина дојде до нерешен резултат од 2-2 но  М…

Јан 12, 2009

Пет фудбалери кандидати за наградата на ФИФА

Светската Фудбалска Федерација ја објави новата листа на можни кандидати за наградата „Најдобар играч на 2008-ма година“. Една недела пред објавувањето на победникот во трка се наоѓаат 5 фудбалери кои можат да се крунисуваат со ова престижна награда. Кристиано Роналдно, Лионел Меси, Фернандо Торес, Чави  Хернандез и Кака се играчите кои конкурираат за наградата на ФИФА.Како главен кандидат се смета асот на Манчестер Јунајтед кој досега освои се што беше се освојување. Негови главни конкуренти се Лионел Меси и Фернандо Торес. Во случај Роналдо се прогласува за победник тогаш тој ќе биде втор…

Јан 10, 2009

Касиљас и Хернандес, фудбалери на годината

 Шпанските фудбалери Икер Касилас и Чави Хернандез, според Меѓународниот институт за историја и фудбалска статистика се најдобрите светски играчи за 2008-та година.Голманот на екипата на Реал Мадрид кој воедно е и голман на репрезентацијата на Шпанија беше прогласен за најдобар голман за 2008-та година. Касилас од новинарите од 83 држави освои 249 поени, оставајќи го зад него италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон кој освои 170 поени. За најдобар играч беше избран Чави Хернандез кој собра вкупно 113 поени. Зад него се најде Кристијано Роналдо со 94 поени, а трет беше Лионел Меси. За најдобар с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top