Јан 30, 2009

Ракометарите на прием кај државниот врв

Македонската репрезентација претпладнево ќе биде примена од шефот на државата Бранко Црвенковски, по историскиот успех што го постигна на Светското првенство во Хрватска.Ракометарите се вратија во Македонија доцна синоќа, а голем број навивачи им приредија величествен дочек на скопскиот аеродром Александар Велики.Прославата продолжи на централниот плоштад Македонија, по што ракометната репрезентација беше примена и од премиерот Никола Груевски.Македонската репрезентација на ракометниот Мундијал, на кој се врати по пауза од десет години, го освои 11 место, а капитенот Кирил Лазаров стана нај…

Јан 29, 2009

Представен планот за патеката во Формула 1 во Рим

Римскиот индустријалец, Маурицијо Фламини, на водечките лу`е во Ф1 им го представи планот за трката во Рим во 2011 година.Фламини кој е еден од инвеститорите во Супер бајк шампионатот, на почетокот на овој месец, својот план му го претстави на првиот човек на Ф1 Берни Еклстоун, план кој наводно му се допаднал на Берни. Трката би се возела низ градот во делот изграден од страна на Бенито Мусолини во 1930 година. Фламини еднаш се обидел да ја донесе Ф1 во Рим во 1984 година, но планот пропаднал.Големата награда на Италија се вози секој септември во Монца. Инаку во оваа земја се возеа две трки…

Јан 29, 2009

Македонија eдинаесетта

Машката ракометна репрезентација која настапуваше на Светското првенство во Хрватска со победата над Кореа од 32:31 го освои 11 место.Агенцијата за млади и спорт (АМС) вечер на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје организира пречек на македонската За сите заинтересирани ќе има бесплатен автобуски превоз. Автобусите ќе тргнат во 20 часот и 30 минути од кај црквата „Св. Богородица“, наспроти МАНУ. Агенцијата ги повикува љубителите на спортот со себе да земат спортски реквизити за достоинствен пречек.     {loadposition content9}

Јан 28, 2009

Даниел Албрехт сеуште во вештачка кома

Универзитетската болница во Инзбрук во која на одделението за интензивна нега се наоѓа швајцарскиот скијач Даниел Албрехт објави вести за неговата здравствена состојба.Тој и натаму се наоѓа во состојба на вештачка кома, но малото крварење во белите дробови предизвикало воспалување против кое докторите се борат со антибиотици.„Ваквите воспаленија се појавиваат во 80% на сите пациенти кои имаат белодробни повреди од ваков вид. Ноќта ја минал мирно и стабилно, но во вештачка кома ќе биде се додека белите дробови целосно не му се опорават“, стои во соопштенијата на болницата.Само за потсетување…

Јан 28, 2009

500 дена до Светското првенство во фудбал

Организаторите на Светското првенство во фудбал во 2010 година велат дека се подготвени да се соочат со сите предизвици кои им остануваат во последните 500 дена до почетокот на првенството. Според Дени Џордан шефот на Извршниот комитет за подготовките работите сега се наоѓаат во најзначајната фаза. “Ни преостануваат уште петстотини денови до почетокот на Светското првенство. Наредните 135 дена, а тоа првично е Купот на  конфедерациите, а потоа извлекувањето и свеченото отворање за нас ќе бидат голем предизвик бидејќи преминуваме во оперативниот дел и примената на плановите.“ “Инфраструктура…

Јан 27, 2009

Катар кандидат за домаќин на СП

Катар и официјално ја поднесе кандидатурата за домаќин на Светското првенство вофудбал во 2018 и 2022 година.„Потврдувам дека фудбалскиот сојуз на катар денес го предаде писмото до Меѓународната фудбалска федерација FIFA, во кое и официјално ја истакна својата кандидатура за организација на Светското првенство во 2018 и 2022 година“ изјави генералниот секретар на сојузот Сауд Ал Муханади. Се очекува дека борбата за домаќин на СП 2018 година ќе биде многу неизесна, меѓу кандидатите се наоѓа и Англија. Шпанија и Португалија сакаат заеднички да го организираат светското првенство како и Белгиј…

Јан 27, 2009

Новак се предаде

Бранителот на титулата на Отвореното првентво на Австралија, Новак Џоковоќ го предаде мечот поради исцрпеност на Енди Родик, на почетокот на четвртиот сет.Во моментот на предавањето Родик водеше со 6:7 (3-7), 6:4, 6:2, 2:1, со еден брејк во последниот сет. Џоковиќ се соочи со големи здравствени проблеми на почетокот на вториот сет, додека имаше предност од 1:2 и 2:1, после што доби само еден од осумте гемови. Мечот е игран по нехумани температури од над 40 степени, со отворен покрив. Родик ќе го чека подобриот од дуелот Дел Потро – Федерер.  {loadposition content9}

Јан 26, 2009

Петнаесет фудбалери во Нигерија загинаа во превртен автобус

Петнаесет професионални фудбалери на клубот „Џимета“ од градот Адамаве, во Нигерија, ги загубија животите во сообраќајна несреќа, јавија нигериските медиуми.Единаесет играчи на професионалниот фудбалски клуб загинале на лице место, додека уште четворива им подлегнаа на повредите во болница, додека лекарите се уште се борат за животите на двајца фудбалери. До несреќата дошло кога автобусот на фудбалската екипа, што патувал на натпревар во градот Абуја, удрил во препрека на патот и се урнал во амбис. Екипата „Џимета“ патуваше на натпреварот на професионалната лига во Ајуба, каде требаше да се…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top