Фев 19, 2009

Претседателот на УЕФА во Македонија

На покана на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџиристески, првиот човек на УЕФА, Мишел Платини, на 4 март ќе ја посети Македонија.Тој ќе има средби со раководството на Федерацијата и ќе го посети споменикот на македонскиот фудбал. Годинава ФФМ слави 100 години од организирано фудбалско натпреварување во Македонија и 60 години од формирањето на Федерацијата. За време на престојот Платини ќе биде примен и од премиерот Никола Груевски.  {loadposition content9}

Фев 19, 2009

Црвените ѓаволи убедливо први

Манчестер Јунајтед ја зголеми лидерската предност во Премиер лигата на пет бода. Во заостанатиот натпревар Манчестер Јунајтед и осми пат по ред го совлада Фулам, овојпат со 3:0. Дека шампионот нема да има проблем да ја оствари 19. сезонска победа беше јасно уште на стартот, особено по корнерот на Керик и водечкиот гол на Сколс во 12. минута.Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед учествуваше и во акцијата во 30. минута по која за 2:0 асистираше О’шеј, а погоди Бербатов.По повредата на теренот со гол се врати Руни кој со седмиот гол и по проигрувањето на Парк во 63. минута зголеми на 3:0.Триумфот…

Фев 18, 2009

Бјорндален со трето злато

Норвежанецот Оле Ајнер Бјорндален, си го осигура третот злато на Светскиот Шампионат во Јужна Кореа со победата на трката 20 км, мажи индивидуално.И покрај промашените три мети за четирите сесии, супериорното скијање на Бјорндален му помогна да ја мине патеката за 52 минути и 28 секунди, 14,1 секунда пред германецот Кристоф Стефан, кој промаши само една мета.Словенецот Јаков Фак го освои бронзениот медал, прв медал за него во Светскиот куп шампионат, промашувајќи само една цел и заостанување од 17,1 секунда.Со оваа победа Бјорндален го совлада рекордот на Ингемар Стенмарк од 1986 по освоени…

Фев 18, 2009

Ферари има проблеми со КЕРС

Возачот на Ферари, Кими Раиконен го имаше најбрзиот ден на тестирањето на болидот на Ферари, на патеката во Бахреин, Шакир и покрај загубените три часа поради кварот на КЕРС колото за ладаење.Раиконен беше подобар од колегата од Тојота, Јарно Трули и Ник Хајфелд во болидот на БМВ кој ја презеде должноста од Кристијан Клајн.Финецот забележа време од 1:32.102  во неговиот Ф60, италијанецот Трули 1:32.230, во неговиот TF109, а германецот Хјдфелд 1:32.585.Шампионот од 2007, Кими Раиконен кој во понеделникот беше поспор од Клајн, се врати после кварот на КЕРС системот, благодарение на проценките…

Фев 17, 2009

Исинбаева продолжува да руши рекорди

Најдобрата светска скокачка со стап, олимписката шампионка, Елена Исинбаева, на митингот во Доњецк двапати го уриваше сопствениот светски рекорд, кој сега изнесува точно пет метри.Некогашниот најдобар резулатат нарусинката е остварен, исто така во Доњецк, изнесуваше 4,95 метри, кој Исинбаева во првиот обид со 4,97 метри го избриша, а потоа во вториот обид прескокна точно пет метри. Рекордот на Русинката на отворено изнесува 5,5 метри, а го постави на Олимписките игри во Пекинг.   {loadposition content9}

Фев 17, 2009

Во Интер веќе се слави

Во фудбалскиот клуб Интер од Милано веќе ја слават новата титула во домашното првенство. Во големото градско дерби на стадионот Сан Сиро Интер со 2:1 излезе како победник во дуелот со Милан, зголемувајќи ја разликата на 9 бода од екипите кои го следат. Клучниот момент на натпреварот се случи во 29-ттата минута кога Адријано постигна контроверзен гол со рака и поради непознати причини истиот не беше поништен. Сепак, средбата беше прекрасна и двете екипи имаа шанси за постигнување на голови, но играчите на Интер го извршија поголемиот дел од задачата, па сега им преостанува само да ја бранат…

Фев 16, 2009

Робинсон леташе повеќе од Супермен

Јунак на втората вечер на НБА All Star беше Нејт Робинсон. Малечкиот бек на Њу Јорк Никс победи во натпреварувањето во атрактивно забивање и тоа на најспектакуларен можен начин. Робинсон го прескокна минатогодишниот победник Двајт Хауард и во дирекен дел го поебди токму Супермен од Орландо.Кошаркарот на Њу Јорк го повтори успехот од 2006 година, кога славеше победа во Хјустон. Со 175цм висна, Нејт Робинсон е вториот најнизок играч во историјата кој поебедил на ова атрактивно натпреварување, после легендарниот Ентони Спад Веб. Поранешниот кошаркар на Атланта, висок само 170 цм, во 1986 годин…

Фев 16, 2009

Мареј подобар од Надал на турнирот во Ротердам

Британецот Енди мареј, е победник на АТП турнирот во Ротердам, откако во финалето го совлада првиот тенисер на светот, Рафаел Надал со 6:3, 4:6, 6:0 во сетови.Ова за Енди е втора победа над шпанецот за оваа година. Британецот во натпреварот влезе со повреден глужд, но поголеми проблеми со коленото имаше шпанецот, кој во третиот сет мораше да прими медицинска помош. Повторно проблемот беше во десното колено, поради кое и го пропушти финалето на дејвис купот. Изгледа дека големиот Рафо се префорсира.Едноставно не се одмори доволно после Мелбурн и последните 6-0 се доволна казна за него. За Ма…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top