Фев 26, 2009

Раул, во 2011 оди во пензија

Фудбалерот од Реал Мадрид, Раул Гонзалес изјави денес дека планира да игра уште две сезони во шпанскиот клуб, пред да ја заврши кариерата или да продолжи да игра во САД.Раул неодамна го надмина рекордот на легендарниот Алфедо ди Стефано кога постигна 311 голови за Реал Мадрид. Оваа сезона постигна 13 голови, а го држи и рекордот на шпанската лига со 44 погодоци.Овој фудбалер кој играше само за Реал Мадрид, на денешниот натпревар со Ливерпул влегува со 64 гола во Лигата на шампионите.Раул истакна дека би сакал една година да проведе патувајќи, но и дека би можел да игра во САД, како неговиот…

Фев 26, 2009

И американците сакаат во Ф1

Основачите на американската екипа УСФ 1 ги открија нивните планови со кои следната година ќе влезат во трките на Формула 1 но не соопштија како екипата ќе биде финансирана. „Секогаш сме сакале да имаме наша екипа во Формула 1“ изјави Питер Виндсор новинар и менаџер на Вилијамс кој во екипата на УСФ 1 ќе ја врши функцијата спортски директор.Неговиот партнер Кен Андерсон, инжењер кој досега работел во Формула 1 и Инди Кар вели дека нивниот план е возилото да се дизајнира и произведува во САД и дека екипата на пилоти ќе ја сочинуваат само американски возачи.Според нив американската екипа УСФ 1…

Фев 25, 2009

Чарлс Баркли во затвор

Еден од најпознатите кошаркари во историјата на НБА лигата Чарлс Баркли, треба да одлежи пет дена во затвор.Баркли е осуден откако признал дека е виновен за две точки од обвинението  за возење под дејство на алкохол. Американскиот кошаркар е уапсен во Феникс за време на новогодишните празници. Тој исто така признал дека е виновен за поминување на црвено. 45 годишниот Баркли е осуден на десет дена затвор, но од нив ќе одлежи само пет. Тој исто така  е казнет со 2 илјади долари. Во  неговата крв имаше два пати поголем процент на алкохол од  дозволениот лимит  во државата  Аризона. Баркли ќе ј…

Фев 25, 2009

Очеуквани осминафинални натпревари

На половина од натпреварите од осмина финалето од Лигата на шампионите кои синоќа се одиграа, може да се каже дека се постигнати очекувани резултати.Дербито на вечерта во Милано без голови, но сепак гледавме добар фудбал. Бранителот на трофејот, можеби одигра подобро. Додека во Милано не видовме гол во Мадрид ги имаше дури четири.Речиси сите 90 минути напаѓаа фудбалерите на Манчестер, на самиот старт во два наврати Роналдо не успеа да погоди. Потоа и Керик не се снајде најдобро во шеснаесетникот на Интер.Бугаринот Бербатов имаше извонредна шанса со глава но не погоди. И во второто полувреме…

Фев 24, 2009

Линдзи Вон триумфира во Тревизо

Американската Линдзи Вон е победничка во велеслалом што се одржа вчера во рамките на Светскиот Куп што се одржува во италијанскиот ски центар Тревизо. Вон до победата дојде со времето 1 минута, 27 секунди и 72 стотинки и  за 51 стотинки беше побрза од Швајцарката, Фабиен Сутер. Словенката Тина Мазе беше трета во Тревизо и за 67 стотинки беше побавна од победничката Вон.Во генералниот пласман во велеслалом водството ја задржа Италијанката Наџиа Франкини која има 300 бодови, додека на второ место е Сутер која има 4 бодови помалку, додека победничката на денешната трка Вон е на трето место со …

Фев 24, 2009

Лигата на шампиони, продолжува

Дерби на вечерта секако ќе биде дуелот во Милано, каде Интер го пречекува бранителот на трофејот, екипата на Манчестер Јунајтед. Пред дербито со Милан Жозе Мурињо влезе самоуверено во салата за прес – конференции седна на столчето и со рацете помина низ косата. Веднаш потоа во негов стил им се обрати на новинарите: „Сакате да ви го кажам составот? Па ако ви го кажам можеме сите да си одиме дома“, откри Мурињо дека криењето на составот е во опис и попис на неговата работа.Италијанскиот шампион очајнички сака успех во елитното натпреварување.Вториот англиско-италијански дуел на програмата е в…

Фев 23, 2009

Убиени 13 фудбалски навивачи

Тринаесет приврзаници на нигерскиот фудбалски клуб Оушн Бојс се убиени во крвави судири меѓу спротивставени навивачки фракции на клубот во сојузната држава Бајелса.           Според локалните медиуми, инцидентите започнале во петокот, кога член на фан -клубот на елитниот тим Оушн Бојс бил застрелан во престолнината на државата Јенегуа.  Подоцна, во ноќен клуб бил убиен член на другата навивачка група.  Инцидентите продолжиле во саботата, кога пред дербито со Бајелса јунајтед бил извршен вооружен напад врз автобус со навивачи на  Оушн Бојс.Седум лица загинале на самото место, а четворица поч…

Фев 23, 2009

Дочекавме и пораз на Барса

Борбата за титулата во Примера лигата доби нов момент, со празот на Барса од Еспањол (1:2) и триумфот на Реал над Бетис од 6:1.Разликата помеѓу вечните ривали сега е не толку големи седум поени, а треба да се има во предвид дека на пролет, каталонците играат во гости во Мадрид. После прекрасната игра против Бетис, на „Сантјаго Бернабеа“ веруваат дека сеуште не е се изгубено кога станува збор за одбарана на титулата. Тимот на Хуанде Рамос изигра совршено во првото полувреме против клубот од Севиља. Сите голови беа постигнати во првиот дел а стрелци за кралскиот клуб беа Игуаин, Хунтелар и Ра…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top