Мар 12, 2009

Пандев на операција

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев мора да биде подложен на операционен зафат, поради сериозните болки на палецот на левата нога.Ова денеска го објави дневниот весник „Македонски спорт“, додавајќи дека повредата трае неколку недели, а Пандев настапува под дејство на инјекции, бидејќи неговото отсуство во овие моменти од Лацио би било катастрофа за клубот.„Болките се огромни и постојано сум на терапии, а на секој меч играм под инјекци. Мора операција, а деновиве ќе одлучиме кога ќе се случи тоа“, вели Пандев.Истакнувајќи дека едвај ја облекува копачката, Пандев додава дека лекарите …

Мар 12, 2009

Половина од Лигата на шампионите англиски екипи

Сите четири екипи кои доаѓаат од англиската лига успеаа да се пласират во четвртфиналето од Лигата на шампионите.Покрај пласираните Челзи и Ливерпул, вечерва тоа го направија и Манчестер Јунајтед и Арсенал. Другите четири екипи кои обезбедија пласман меѓу осумте најдобри се Баерн и Виљареал од заввчера, а  Барселона и Порто од синоќа одиграните натпревари.Синоќа се постигнаа следниве резултати: Манчестер-Интер 2:0, Барселона-Лион 5:2, Порто-Атлетико (М) 0:0 и Рома-Арсенал 1:0 (6:7 по изведувањето на пенали). {loadposition content9}

Мар 11, 2009

Вечерва Интер гостува на Олд Трафорд

Актуелниот европски шампион Манчестер Јунајтед, денес на Олд Трафорд ќе се сретне со Интер во реваншот на осминафиналето на Лигата на шампионите.Минатиот месец на Џузепе Меаца стаионот играа нерешено, 0:0, така да вечерва на театарот на соништата, сите карти се отворени. Тимот на Сер Алкс Фергусон во 1999 го изфрли Интер во четвртфиналето со резултата вкупен 3;1, а Црвените ѓаволи подцнаа дојдаоа и до титулата.Прекрасната одбрана на Јунајтед, која во оваа сезона веќе собори неколку рекорди, повторно ќе биде актуелна поради повредите на фердинанд и О’Шеј, но Фергусон за разлика од првиот нат…

Мар 11, 2009

Спротот и спортистите цели, на тероризмот

Во минатонеделниот терористички напад во Лахоре, Пакистан, врз репрезентацијата на Шри Ланка во крикет беа убиени седум лица. Минатонеделниот терористички напад во пакистанскиот град Лахоре врз репрезентативците на Шри Ланка во крикет, во кој беа убиени седум лица и судирите меѓу Арапите и полицијата во Малме во пресрет на Дејвис куп мечот меѓу Шведска и Израел уште еднаш потврдија дека спортот е средство за пренесување на политички пораки на чии жртви јавноста е пречувствителна. Вестите за жртви во политички, верски и меѓуетнички судири секојдневно пристигнуваат од сите краеви на светот. М…

Мар 10, 2009

Ќе се знаат четвртфиналистите од Лигата на шампиони

Првите четвртфиналисти во најквалитетното европско клупско натпреварување, фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) ќе бидат познати вечерва.Дербито ќе се игра на стадионот “Енфилд Роуд” каде Ливерпул по минималната победа од 1:0 во реваншот го пречекува Реал Мадрид.Резултатска неизвесност ќе има и на натпреварите во Торино, каде Јувентус ќе оди на пласман во дуелот против Челзи,како и во Атина, каде Панатаинаикос е во предност по ремито 1-1 против Виљареал.Единствен сигурен патник во четвртфиналето е Баерн Минхен по победата од 5-0 пред две недели на гостувањето против Спортинг.Реванш-средби во о…

Мар 10, 2009

Бланка без медал во Торино

Најголемото изненадување на 30. Европско првенство во атлетика во сала што минатиов викенд се одржа во Торино е останувањето без медал на светската првенка и олимписка вицешампионка во скок во височина, Хрватката Бланка Влашиќ.Влашиќ заврши на петтото место со мизерен резултат за своето реноме од 192 см, откако три пати ја уриваше летвичката на 196 см. Златото и’ припадна на Аријане Фридрих од Германија со 2,01 м. „Не можев да ја најдам техниката во моите нозе. Не знам што се случи“, изјави Влашиќ. „Не размислував многу. Ја загубив концентрацијата. Се случува“.Германецот Себастијан Баер пос…

Мар 9, 2009

Костелиќ и Рајх и натаму на врвот во Светскиот куп

Во вториот спуст по ред во Квитфјел водечките во вкупниот поредок Ивица Костелиќ и Бенјамин Рајх не успеаја да направат нешто забележително (првиот беше 43. вториот се откажа), па остануваат на делба на првото место во генералниот пласман со по 837 бода. Тоа го искористи Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал (беше 14.), кој им се приближи на осум бода. Победата ја однесе австрискиот адут Клаус Крол, кој патеката ја мина за 27 стотинки побрзо од својот сонародник Михаел Валхофер. На најниското место на подиумот застана Канѓанецот Мануел Осборн Парадис. Вчерашниот супервелеслалом беше откажан.Вкупе…

Мар 9, 2009

Лејкерси со 50 победи сезонава

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се првите кои стигнаа до бројката од 50 победи во оваа сезона во НБА лигата. Ја остварија лесно, во саботата, во дуелот со Минесота во кој триумфираа со 110:90. На осмиот пораз во низа на „волците“ кумуваше Коби Брајант со 23 коша и четири асистенции, По Гасол забележа 21 поен и девет скока. „Голем успех е да се стигне прв до бројката од 50 победи во една сезона. Пред нас имаме уште 20 натпревари во регуларниот дел во кои наша цел ќе биде да оствариме 6о победи“, изјави по мечот ренерот на „езерџиите“, Фил Џексон. Лидерите во составот на Минесота беше трио…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top