Швеѓанката Тереса Алшамар во пливачкиот митинг во Сиднеј го урна светскиот рекорд на 50 метри пеперутка, но официјално истиот нема да биде признаен затоа што пливачката со себе имала облечено два костими за пливање. Алшамар далечината ја помина со време од 25,44 секунди и за 2 стотинки беше подобра од сопствениот светски рекорд постигнат пред една година. Според најновите правила на ФИНА не постар од една недела пливачот не смее да носи повеќе од еден пар костими и под нив не смее да носи ништо друго. Според овие правила Алшамар е дисквалификувана и нејзината жалба најверојатна ќе се одбие…
Тојота е многу блиску да стане вториот тим од Формула 1 кој ќе се откаже од натпреварувањето, соопштуваат светските медиуми.Лично директорот на компанијата Тадаши Јамашина изјавил дека откажувањето на тимот од едно од најкомерцијалните натпреварувања во светот било на дневниот ред, но сега засега ситуацијата ќе остане непроменета.„Јасно е дека светската финансиска криза не погоди и нас. Нема што друго да се каже. Буџетот за натпреварите во Формула 1 е скратуван неколкупати, а на крај треба да сезапрашаме дали нешто ќе остане како што треба и за следниот период“, изјави Јамашина.Со заминувањ…
По својата 50. победа во СП во рели минатиот викенд на Кипар, Французинот порача дека следна цел му е 51. триумф Веќе извесно време не е никаква вест дека Себастијан Леб победил во трка од Светскиот шампионат во рели, но со триумфот на Кипар минатиот викенд Французинот, сепак, се избори за насловните страници, бидејќи тоа му беше јубилејна 50. победа во кариерата. По трката ни самиот не беше свесен за големината на постигнувањето, а откако се прибра изјави дека добро се сеќава на моментите кога ги соборуваше рекордите на Карлос Саинц и на Колин Мекри, но јубилејната 50. победа, сепак, била …
Светскиот рекордер на 100 метри Усаин Болт ја оствари првата победа во 2009. година, откако со време 9,93 секунди триумфираше во Јамајка, во Спениш Таун.„Беше тоа добра трка, пропуштив доста тренинзи и сега тоа се обидувам да го надополнам”, изјави Болт, кој дури во последните 10 метри од трката успеа да го стигне Даниел Бејли и да победи.„Тукушто почнувам да работам на брзината, ќе видиме како се ќе се одвива“, додаде Болт.Трката во Јамајка беше трета натпреварувачка трка за Болт сезонава, по двете победи на 400м.Усаин Болт има 22 години, а минатото лето на Олимпијадата во Пекинг ги собори…
Алекс фергусон не сака да го обвини Немања Видич за тешкиот пораз од Ливерпул и призна дека целиот тим имаше лош ден, но додаде дека верува оти Манчестер е подобра екипа во целост.„Ова беше тежок пораз, посебно поради тоа што мислам дека сме подобра екипа. Мораме да го прифатиме фактот дека тоа беше едноставно лош ден поради головите кои ги примивме, но во целина бевме подобри.“„Немања беше неверојатно конзистентен во играта за време на целата сезона. Понекогаш се случува играчите да имаат лош ден и да направат грешка. Тој сепак е човечко суштетсво“ изјави Фергусон.Сер Алкес беше двосмислен…
Во финалето кое вечерва се одигра во Охрид, Амак го победи Пелистер со 77:60. Првото полувреме помина изедначено со наизменично водство на двете екипи, а од почетокот на второто полувреме Амак ја превзеде иницијативата и стигна до победата. За најкорисен играч е прогласен Ефтим Богоев, капитенот на охриѓаните кој го прими победничкиот пехар. Амак СП се седмата екипа која го освоила Купот на Македонија во кошарка. {loadposition content9}
Најинтересниот натпревар викендот на терените ширум Европа ќе се одигра денес во Премиер лигата.Во рамките на 29.коло на „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед го пречекува Ливерпул. Седум бода предност имаат „црвените ѓаволи“ во однос на Челзи и на утрешниот ривал, кој со победа повторно може да ја врати неизвесноста за титулата во англиското првенство. И двата тима имаа успешни евро настапи со што ја потврдија добрата форма.Во другите натпревари од ова коло играат: Болтон – Фулам, Арсенал – Блекбурн, Евертон – Стоук, Сандреленд – Виган, Мидлсброу – Портсмут, Хал – Њукасл денес, Челзи – Манчест…
Во салата Биљанини извори во Охрид, денеска ќе се одиграаат полуфиналните натпревари на кошаркaрскиот куп на Македонија во машка конкуренција.За место во утрешното финале ќе се борат Фершпед Работнички и Пелистер (17:30).Работнички е најтрофеен освојувач на Купот на Македонија, со 7-титули, а Пелистер ќе се обиде за прв пат да игра во големото финале.Во вториот натпревар (20 часот), кој го има приматот “финале пред финалето“ бранителот на трофејот од ланската година, Фени Индустри за противник ќе го има домашниот Амак СП, кој со поддршката од публиката се надева на место во финалето. {loa…