Мар 25, 2009

Кој ќе е домаќин на Европското првенство во 2016 година

Европската фудбалска унија УЕФА денеска на седницата на Извршниот комитет во Копенхаген објави дека се поднесени четири кандидатури за организација на Европското првенство што треба да се одржи во 2016 година.Кандидатури поднеле Франција, Италија, Турција и заедничка Норвешка и Шведска.На 3 април сите кандидати од УЕФА ќе добијат список со барања кои треба да се исполнат за некоја земја да ја добие организацијата на ЕП. Рокот за исполнување на барањата е 15 февруари 2010.Одлуката кој ќе биде домаќин на ЕП на кое по прв пат ќе има 24 учесници ќе биде донесена на 27 мај идната година.{loadpos…

Мар 25, 2009

Kако совршено да се шутне пенал

Професорот по спортски науки од Ливерпул Тим Кејбл соопшти дека заедно со неговиот истражувачки тим дошле до клучните сознанија како совршено да се изведе пенал во фудбалот.Според студијата на Тим Кејбл ,играчот треба да е оддалечен пет до шест чекори од топката, под агол од 20 до 30 степени и по шутот топката треба да оди со брзина од 104 км/час во еден од голманските агли оддалечени половина метар од стативата и исто толку од пречката.Ваков шут според професорот за голманот би бил неодбранлив.Мотивот за ова истражување на англискиот научник биле петте промашувања од шестте изведени пенали…

Мар 24, 2009

Медал за заслуги за шест спортисти

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски со „Медал за заслуги за Македонија” одликува шест македонски репрезентативци.Медал ќе добијат ракометарот Кирил Лазаров, фудбалерот Горан Пандев, боксерот Вели Мумин, ракометарките Наталија Тодоровска и Драгана Пецевска и кошаркарот Врбица Стефанов.Одличјето на спортистите им се доделува „за постигнатите врвни резултати во спортот, со што дадоа значителен придонес за неговиот развој и популаризација во земјата, како и за афирмација на Република Македонија на меѓународен план“Претседателот Црвенковски ќе им ги врачи одликувањата на спортистите дене…

Мар 24, 2009

Ленс Армстронг тешко повреден

Големи се шансите 37-годишниот американски велосипедист и седумкратен освојуваш на Тур де Франс, Ленс Армстрон да има фрактура на клучната коска во падот пред крајот на 20 километарската трка.Велосипедската трка започна вчера и веднаш ја зеде најголемата жртва. Поради тешкиот пад велосипедистот на Астана, Армстронг се повлече од натпреварувачкиот дел. Инцидентот се случи на само 20 км пред целта, а после повредата Ленс остана да лежи на тревата, за да подоцна веднаш биде префрлен со амбулантно возило во Паленсија.После пауза од 3.5 години оваа сезона американецот се врати на професионалниот…

Мар 23, 2009

Виталиј Кличко останува светски шампион во тешка категорија

Украинскиот боксер Виталиј Кличко ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во ВБЦ верзија при победата во Штутгарт совладувајќи го предизвикувачот Јуан Карлос Гомез. Постариот брат од семејството Кличко кој во  својата кариера има само две порази 2000-та година од Бирд и 2003-та година од Ленокс Луис Кубанецот го победи со прекинување на борбата во 9-та рунда. Кличко поради многуте повреди во 2005-та година се оддалечи од боксот но се врати во ВБЦ верзијата каде во октомври минатата година ја освои шампионската титула совладувајќи го Нигериецот Самуел Питер.37 годишниот Украи…

Мар 23, 2009

Ливерпул заостанува еден бод во однос на водечкиот Манчестер Јунајтед

Со вчерашната победа од 5:0 во дуелот со Астон Вила во рамките од 30-то коло на Премиер лигата, екипата на Ливерпул, го искористи вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед и ја намали бодовната ралика меѓу овие две екипи на само еден бод.На преостанатите две денешни средби стопроцентниот ефект на домаќините го надополнија Виган со победата од 1:0 против Хал, односно Манчестер Сити кој исто така со 1:0 го совлада Сандерленд. Табела: Манчестер Јунајтед 65 бода (-1.натпревар), Ливерпул 64, Челзи 61, Арсенал 55, Астон Вила 52 …{loadposition content9}   

Мар 21, 2009

Oстанува стариот систем на бодување во F1

Во новата сезона во Формула 1, која почнува на 29. март со трката за Големата награда на Австралија, ќе важат старите правила на бодување.Бидејќи новиот систем, по кој беше предвидено да титулата ја освои возачот со најмногу победи, наиде на жестоки критики од возачите, тимовите и јавноста.Светската автомобилска федерација (ФИА), одлучил да попушти. ФИА денес соопшти дека во новата сезона ќе важат досегашните правила, а новиот систем ќе стапи на сила 2010. година.{loadposition content9}

Мар 21, 2009

Охрид домаќин на првиот Меѓународен турнир во хокеј на трева

Во Охрид денеска се одржува првиот Меѓународен турнир во хокеј на трева. На ревијалната спортска манифестација ќе учествуваат три екипи од Македонија, исто толку екипи од соседна Бугарија, како и еден тим од Србија. Сите натпревари ќе се играат во спортската арена „Билјанини извори“. Вкупно ќе бидат одиграни 10 натпревари, а финалето се очекува да започне во 14:30 часот. За првите трипласирани екипи се обезбедени медали, а наградени ќе бидат и најдобриот играч и стрелец на турнирот, информираат од организацискиот одбор на првиот Меѓународен турнир во хокеј на трева што се одржува во Македон…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top