Апр 7, 2009

Мекларен и Ферари ја плакаат цената на минатите успеси

Мекларен на светскиот шампион Луис Хамилтон и конструкторскиот првак Ферари, кои лошо ја почнаа сезоната 2009 во Формула 1, ја плаќаат цената на минатите успеси, смета Рос Браун. Сопственикот на Браун ГП, кој води во двете конкуренции по победите во двете досегашни трки, на известувачите од Малезиското гран-при им изјави дека тешкотиите на неговите ривали се директен резултат на битката за титулата лани.„Тоа е рефлексија на тоа што се случуваше во минатите година или две“, смета Браун, некогашен технички директор на Ферари што го предводеше Михаел Шумахер до седум титули како возач на Бенет…

Апр 7, 2009

Во кореанскиот фудбал, се е дозволено!

Северна Кореа ја оптужи Јужна дека ги труе нивните фудбалери со храна, веднаш после натпреварот за Светскиот куп кој се играше минатата недела.Тренерот на тимот на Северна Кореа, Џон Хан ги изнесе овие обвинувања откако нивниот тим загуби со 1:0 од Јужна Кореа на 1-ви април. Од Сеул овие информации ги негираат.Фудбалската Асоцијација на Сверна Кореа соопшто дека ова претставува потег кој води кон конфронтација.„Без сомнение овој инцидент е намерен, зошто играчите наеднаш, токму пред натпреварот не беа во можност да станат“, изјавија од Фудбалската Асоцијација на Сверна Кореа.Тренерот побара…

Апр 6, 2009

Батон прв и во Малезија

Џејсон Батон возачот на Браун ГП е прогласен за победник на трката за големата награда на Малезија, која е прекината во 32 круг, поради неверојатна бура.Откако беше увидено дека метеоролошките услови нема да дозволат продолжување, по пауза од еден час, одлучено е трката да заврши според класификацијата по 32 круг, иако требаше да се возат уште 24 круга.Пилотите ќе бидат наградени само со половина поени од оваа трка, бидејќи заврши предвреме.Ова е втора последователна победа на Батон, во вториот настап на екипата Браун ГП, со што британецот по две трки од годинешното Светско првенство ги има…

Апр 6, 2009

Тиери Анри е најплатениот француски спортист

Францускиот фудбалски репрезентетивец Тиери Анри, напаѓачот на “Барцелона”, е најплатен спортис во Франција за минатата година, според листата кој ја објави угледниот “L’Equipe”.Минатата година Анри заработил 17.7 милиони евра, што е скоро двапати повеќе од второпласираниот Тони паркер, кошаркарскиот репрезентативец и играч во НБА тимот “San Antonio Spurs”.Паркер минатата година заработил 9.6 милиони евра, додека зад него, на третата позиција се најде познатиот фудбалер Франк Рибери, кој заработил 8.3 милиони евра.Во топ 5 влегоа и фудбалерот на “Интер”, Патрик Виера (8 милиони), и рели воз…

Апр 4, 2009

Утре се вози во Сепанг

Во недела на патеката во Сепанг, Малезија (11 часот), се вози втората трка сезонава, а слично како и во Мелбурн, се очекува таа со своите 56 круга да донесе неколку одговори, но и нови прашања. Сепанг е една од најмладите патеки во Ф1 светот. На елитата и се придружи во 1999 година, а прв победник беше Еди Ирвајн од Ферари. Рекордни три победи има Михаел Шумахер, а последниот кој славеше беше уште ден возач на Ферари, Кими Раиконен. Посебна приказна е времето. Временските прилики на југоистокот на Азија многу се чудни, па тимовите се подготвени на се’. Условите варираат од тропски горештини…

Апр 4, 2009

Италијанските прволигаши сите натпревари ги играат утре

Сите натпревари од 30 коло од најквалитетната италијанска фудбласка лига ќе се одиграат в недела.Во центарот на вниманието е гостувањето на лидерот на табелата Интер кај Удинезе, додека Лацио на нашиот Горан Пандев гостува кај Сиена. Двојките од 30 коло се: Аталанта – Фиорентина (13:00 часот), Рома – Болоња, Каљари – Катаниа, Јувентус – Киево, Палермо – Торино, Реџина – Џенова, Сампдорија – Наполи, Сиена – Лацио (15:00), Удинезе – Инетр (19:00) и Милан – Лече (21:00). Табела: Интер 69 бодови, Јувентус 62, Милан 55, …{loadposition content9}

Апр 3, 2009

Фудбалскиот Клуб „Охрид 2004“ реагира

На вчерашниот телевиски дуел помеѓу двајцата кандидати за градоначалници, кој се емитуваше на нашата телевизија, од страна на кандидатот Александар Петрески беа упатени обвинувања до раководството на фудбалскиот клуб „Охрид 2004“за негова партизација и местење на  натпревари.Од страна на фудбалскиот клуб „Охрид 2004“ денес се огласија на прес конференција, на која техничкиот директор на клубот  Влатко Димовски изјави, дека на последно собрание на клубот свикано на 10/11/2008 година во просториите на Ј.П Комуналец, бил конституиран Управен одбор на кој биле избрани технички и спортски директ…

Апр 3, 2009

Хамилтон и Мекларен без поени

На светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, му е одземено третото место во првата трка од сезоната што минатиот викенд се возеше за Големата награда на Австралија во Мелбурн, откако стјуардите вчера пресудија дека тој и неговиот тим Мекларен намерно ги довеле во заблуда. Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА) во своето соопштение издадено во пресрет на Малезиското гран-при објави дека и Хамилтон и неговиот тим се дисквалификувани од остварениот поредок во трката што се одржа во неделата. Истовремено, на Јарно Трули од Тојота, кој по сослушувањето по трката беше казнет со …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top