Апр 14, 2009

Кливленд и Бостон во НБА финалето на истокот

Во НБА лигата според сите предвидувања, финалето во Источната конференција ќе биде меѓу екипите на Кливленд и Бостон. Меѓутоа, ако се одигра како на последниот натпревар во Кливленд, тогаш нема да предизвика интерес кај публиката.  Имено, Кливленд го совлада актуелниот шампион Бостон со 107:76 и така ја забележа 39 победа од 40 натпревари одиграни во Кливленд. Кај домаќините се истакна Леброн Џејмс со 29 поени, 4 скокови и 7 асистенции. Во другите натпревари, Њу Орлеанс на домашен терен го совлада Далас, додека Сан Антонио како гостин беше поуспешен во Сакраменто. Торонто на домашен терен ј…

Апр 13, 2009

Роналдо на помош кај Адријано

Бразилскиот фудбалски ас Роналдо изјави дека сака да му помогне на својот сонародник фудбалерот на Интер Адријано да ја надмине кризата поради која одлучи привремено да ја прекине кариерата.- Ова за Адријано е исклучително тежок период и ќе направам се што е во моја моќ за да му помогнам да го помине. Сакам да зборувам со него насамо, без присуство на оние кои само сакаат да го осудуваат, рече Роналдо. Тој истакна дека длабоко ги преживува моментите низ кои поминува Адријано. – Потребно е луѓето прво да бидат критични кон себе, пред да се одлучат да критикуваат некој друг, посочи Роналдо.Бр…

Апр 13, 2009

Пандев стрелец на дербито против Рома

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев со голот во 2 минута го отвори резултатот на римското дерби и на крајот неговиот Лацио славеше победа од 4:2 против Рома.Во последниот натпревар синоќа од 31 коло на италијанското првенство Јувентус загуби од Џенова 3:2 и со тоа не го искористи нерешениот резултат (2:2) на Интер дома со Палермо.Во другите натпревари од ова коло постигнати се следниве резултати: Болоња – Сиена 1:4, Киево – Милан 0:1, Фиорентина – Каљари 2:1, Лече – Сампдорија 1:3, Наполи – Аталанта 0:0 и Торино – Катанија 2:1.Денеска играат Реџина – Удинезе. {loadposition content9}

Апр 11, 2009

Стоунер прв на тренингот во Катар

Возачот на Дукати, Кејси Стоунер имаше најбрзо време на првиот тренинг пред првата трка за оваа сезона, Големата награда на Катар.Австралијанецот под рефлектори извози најдобар круг на патеката „Лосаил“ за време од 1:57.053 минути, којза 0,386 секунди беше побрз од актуелниот шампион Валентино Роси, со Јамаха. Трет беше Едвард Колинс возачот на Монстер Јамаха тех 3.Покрај доминацјата на Стоунер, првиот тренинг пред почетокот на новата сезона одбележаа и проблемите на Дени Педроса, кој стигна само до 18-то последно место, со над 4 секунди заостанување зад шампионот. Резултатите на младиот шп…

Апр 11, 2009

Новиот претседател на Реал

Поранешниот најдонар светски фудбалер Зинедин Зидан, јавно ја изрази подршката кон Флорентино Перез, кој најверојатно ќе биде новиот претседател на Реал.Зидан имаше интересна изјава, во врска со Перез и неговиот трансфер вреден 66 милиони Евра.”Кога ме ангажираше за 66 милиони Евра, му реков дека тоа се многу пари но, тој ми возврати дека тоа не е ништо во споредба со моите квалитети. По голот што го постигнав во финалето на ЛШ против Баер Леверкузен дојде и ми рече дека со тој погодок ги вратив вложените финансии дека су голем играч. Затоа мислам дека Реал под неговата палка ќе биде уште п…

Апр 10, 2009

Истрагата против Мурињо, запрена

Тренерот на Интер Жозе Мурињо нема повеќе да биде под полициска истрага во врска со обвинувањата дека удрил навивач на манчестер Јунајтед, по мечот меѓу двата тима на Олд Трафорд.„Фанот на „црвените ѓаволи“ тогаш изјави дека бил нападнат од Португалецот пред клупскиот автобус на Интер, по елиминацијата на клубот од Лигата на шампионите, а полицијата побара видео снимки од безбедносните камери да утврди што навистина се случило.„Навивачот не сака повеќе да бара разрешување на проблемот и беше донесена одлука истрагата да се прекине, откако беа прегледани сите детали“, изјави полициски извор….

Апр 10, 2009

Албанецот Ерканд Ќеримај, европски шампион

Кревачот на тегови од Албанија Ерканд Ќеримај е европски шампион во кревање тегови во категоријата до 77 килограми, на Европското првенство во Букурешт.Ќеримај крена 190 килограми. Ова е втор златен медал за албанските кревачи на тегови. Претходно титулата европски шампион во женска конкуренција ја освои Ромела Бегај.{loadposition content9}

Апр 9, 2009

Македонија тоне на ранг листата на ФИФА

Пад од три места бележи репрезентацијата на Македонија на најновата ранг листа што денеска ја објави ФИФА, и сега е на 64 место.Тоа се должи на убедливиот пораз од Холандија од 4:0.Од нашата квалификациона група за Светското првенство 2010, Холандија го задржа третото место, Шкотска има напердок и сега е 24-та (+4 позиции), Норвешка е 46-та (-1 позиција), додека Исланд има пад за дури 18 места и сега е на 93 место. На врвот нема промени. Европскиот шампион Шпанија е прва пред Германија.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top