Апр 20, 2009

Фетел и Ред Бул славеа во дождливиот Шангај

Германскиот возач Себастијан Фетел по втор пат во својата кариера победи и со тоа на Ред Бул му ја донесе првата победа оваа сезона. Беше тоа една многу досадна трка во која пресуди досадниот дожд, но и бројните прекинувања од страна на најмладиот тим на Браун. Двократниот победник оваа сезона, Џенсон батон и неговиот клубски колега Рубенс Баричело, повторно не разочараа, со освоените трето и четврто место и во класата конструктори накнижија уште поени.Но до победата сепак не можеа да стигнат бидејќи младиот возач на Ред Бул Себастијан Фетел си обезбеди прекрасна пол позиција и докажа дека …

Апр 20, 2009

Убиен бугарски хокеар

Голамнот на бугарската хокеарска репрезентација, Кирил Вазаров е убиен вчера пред еден ноќен клуб во Софија.Вазаров кој го славел роденденот и еден негов пријател починале како последица на убоди од нож, додека уште едно лице е повредено во тепачката.Вазаров кој имал 21 година дебитира минатата недела на голот на бугарската репрезентација за хокеј на мраз со победата над Мексико со 10:3.{loadposition content9}

Апр 18, 2009

Празничен прволигашки фудбал

Велигденскиот празник е причината поради која натпреварите од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига, наместо (вообичаено) в недела, да се одиграат ден порано, во сабота (18 април) со почеток од 16:00 часот. Двојките се следниве: Силекс – Металург, Македонија Ѓ.П. – Победа, Ренова – Напредок, Милано – Пелистер и Работнички – Хоризонт. Слободен во ова коло е тимот на Вардар Табела: Македонија Ѓ.П. 48, Ренова 41, Милано 40, Вардар 35, Работнички 32 (-1 натпревар), Хоризонт Турново 27 (-1 натпревар), Силекс 23, Металург 20, Победа 20, Напредок 19 и Пелистер 19.{loadposition content9}

Апр 18, 2009

„Победа“ нека заборави на фудбалот 8 години

Прилепска Победа доби осумгодишна забрана за учество во натпреварите на Европската фудбалска федерација. Претседателот Забрчанец и фудбалерот Здравески, се казнети со доживотна забрана поради местење на натпревар. Дисциплинското тело на УЕФА одлуката ја донесе согласно Членот 5 на нејзиниот правилник кој ги регулира принципите на интегритетот и спортскиот однос на натпреварите. УЕФА го истражуваше мечот од првата квалификациска рунда на Лигата на Шампионите одигран во јули 2004 година, меѓу Победа и Пјуник од Ерменија. Обвинението против поранешниот македонски првак било подигнато врз основ…

Апр 17, 2009

Заврши регуларниот дел од НБА лигата

Со одигрувањето на синоќешните (последни од регуларниот дел) натпревари познати се двојките за плеј офот во НБА лигата.Најдобар скор на победи и порази има Кливленд (66-16) и во евентуална мајсторка со секој противник ќе ја има предноста на домашен терен (сезонава има 39 победи и 2 пораз).Плеј офот ќе стартува во текот на викендот.Двојки од источната конференција: 1 Кливленд (66-16) – 8 Детроит (39-43); 2 Бостон (59-23) – 7 Чикаго (41-41); 3 Орландо (59-23) – 6 Филаделфија (41-41); 4 Атланта (47-35) – 5 Мајами (43-39). Двојки од западната конференција: 1 ЛА Лејкерс (65-17) – 8 Јута (48-34);…

Апр 17, 2009

ЕП во фудбал во Полска и Украина

Претседателот на УЕФА Мишел Платини во неговиот неколкудневен престој во Украина уште еднаш потврди дека Европскиот фудбалски шампионат сигурно ќе се одржи во Украина и Полска. Првиот човек на УЕФА рече дека следниот месец ќе се одлучува во колку украински, а во колку полски градови ќе се играат мечовите.„На 12-ти или 13-ти мај во Букурешт ќе прецизираме кои градови ќе бидат организатори на ЕУРО 2012. Дали ќе биде 4-4, 3-3, 4-2 или 5-1, за тоа ќе се одлучи на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА.“Главниот проблем за изградбата на стадионот во Киев беше уривањето на еден трговски центар к…

Апр 16, 2009

Обама лобира за фудбалот

Американскиот претседател Барак Обама застана зад кандидатурата на САД за домаќин на светското фудбалско првенство во 2018 или 2022 година.Обама во писмо до претседателот на ФИФА Сеп Блатер нагласи дека „фудбалот е многу повеќе од игра“, објави денеска лондонскиот весник Гардијан.„Фудбалот е многу повеќе од игра. Тој на најубав и најинтензивен начин го поврзува целиот свет. Би сакал САД да бидат промотори на тоа заедништво и во таа смисла да бидеме домаќини на големото спортско дружење“, се наведува во писмото на Обама до Блатер.Светската фудбалска федерација (ФИФА) во декември 2010 ќе одлу…

Апр 16, 2009

Болидот на Браун според пропозициите

Лидерот во шампионатот на Формула 1, Џенсон Батон, доби значајна поддршка во напорите за освојување на титулата со потврдата од Судот за жалби на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) во Париз дека контроверзниот болид на Браун ГП е легален. Судот ја отфрли и жалбата против Тојота и Вилијамс, чии болиди имаат слични двојни задни дифузери, за кои нивните ривали тврдеа дека се спротивни на духот на правилата.Батон победи во првите две трки од сезоната во Австралија и во Малезија наспроти протестите од Ферари, Рено, Ред бул и БМВ Заубер. Четирите тима потоа се жалеа против одлуката н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top