Апр 27, 2009

Батон се поблиску до титулата

По само една трка во која му го препушти врвот на Ред бул во Кина, тимот на Браун и неговиот возач Џенсон Батон ја вратија надмоќта во Светскиот шампионат во Формула 1 со триумфот во трката за Големата награда на Бахреин, трет за нив сезонава. Успехот на 29-годишниот Британец на патеката „Шахир“ во Манама ја уништи надежта на Тојота дека ќе ја оствари својата прва победа воопшто откако ја почна трката со двата свои болида на челните позиции, првпат откога јапонскиот производител на автомобили се натпреварува во овој спорт. Германецот Себастијан Фетел од Ред бул го освои второто место, а мал…

Апр 27, 2009

Манчестер јунајтед прв во англиската Премиер лига

Со уште една пресврт победа фудбалерите на Манчестер Јунајтед останаа на чело на табелата во Премиер лигата и по 34-тото коло. Тотенхем водеше на Олд Трафорд со 2:0, но во вториот дел мрежата на гостите се тресеше дури пет пати за конечни 5:2.Во другите натпревари постигнати се следниве резултати: Болтон – Астон Вила 1:1, Евертон – Манчестер Сити 1:2, Фулам – Стоук 1:0, Хал – Ливерпул 1:3, ВБА – Сандерленд 3:0, Вест Хем – Челзи 0:1.Табела: Манчестер Јунајтед 77 (натпревар помалку), Ливерпул 74, Челзи 71.{loadposition content9}

Апр 25, 2009

Кливленд на чекор до полуфиналето

Кошаркарите  на Кливленд синоќа во третиот натпревар од дуелот со Детроит во рамките на првото коло од Источната конференција извојуваа победа на гости од 79:68 и поведоа со 3:0 во добиени натпревари и потребен им е уште еден триумф за пласман во полуфиналето.Во другите два натпревара минимални победи на домашните. Филаделфија беше подобра од Орландо со 96:94 и повтроно го презема водството со 2:1 во добиени дуели исто како и Хјустон во дуелот од западната конференција. „Ракетите“ со 86:83 го победија Портланд.  {loadposition content9}

Апр 25, 2009

Дербито Лион – ПСЖ без голови

Во првиот натпревар од 33-то коло во француската фудбалска лига Олимпик Лион и ПСЖ одиграа без голови – 0:0.Другите натптревари од ова коло се играат в недела. Еден натпревар се одигра и во рамките на 29-то коло од Бундес лигата.Херта полека излегува од кризата и успеа да освои три бода против Хофенхајм откако славеше победа со 1:0 на гостински терен. {loadposition content9}

Апр 24, 2009

Падна светскиот рекорд на 100 метри слободно

Францускиот пливач Ален Бернар го собори светскиот рекорд на 100м слободно, откако патеката ја преплива за 46 секунди и 94 стотинки во полуфиналето на државното првенство.Олимпискиот шампион Бернар е првиот човек кој ја сруши бариерата од 47 секунди, а го собори рекордот на австралијанецот Ајмон Саливан, во полуфиналето на минатогодишните Олимписки игри во пекинг од 47 секунди и 5 стотинки,„Сакав да пливам најбргу што можам. Првиот човек кој исплива на 100 метри под 47 секунди е неверојатно чувство.“ изјави францускиот пливач. {loadposition content9}

Апр 24, 2009

Астон Мартин во Ф1

Поранешниот шеф на тимовите на Бенетон и БАРм Дејвид Рчардс, размислува да се врати во шампионатот на Ф1 следната година, додека се воведе предложеното ограничување на трошоците.Ричардс е претседател на британскиот производител на спортски автомобили, Астон Мартин, чиј доминантен сопственик е кувајтскиот Инвестмент Дар, како и инжинерската компанија Продрајв.„Многу сме сериозни што се однесува до влезот во Ф1 за следната година доколку комерцијално е исплатливо и ако постоиостварлива натпреварувачка можност. Од комерцијална гледна точка сакаме состојба со разуман буџет.“ рече Ричардс.„Сакам…

Апр 23, 2009

Вимблдон си доби подвижен покрив

Тенискиот турнир на Вимблдон годинава може да се одржи и во доцните ноќни часови, откако на централниот терен сега функционира движечки покрив. На тој начин во случај на врнежи од дожд покривот се активира, а со тоа и дополнителните рефлектори кои овозможуваат натпреварот да се игра и навечер. Организаторите одлучија да не го менуваат распоредот на натпревари, меѓутоа во исто време нема да има прекин на натпреварите кои можат да бидат продолжени. Според организаторите, 8 до 10 минути е времето додека покривот да го покрие теренот. Во меѓувреме потребни се од 20 до 30 минути за да се активир…

Апр 23, 2009

Роси ќе вози рели

Италијанецот Валентино Роси, најбрзиот маж на две тркала во светот, планира кариера на четири тркала кога ќе заврши со мотоциклизмот. Светскиот шампион во Мото ГП, кој потпиша нов двегодишен договор со Јамаха минатиот јули, изјави дека можеби во иднина ќе вози за Форд во Светскиот рели шампионат.„Навистина се надевам дека ќе се префрлам на четири тркала“, вели тој пред трката за Големата награда на Јапонија претстојниот викенд во Мотеги, каде што си ја врати титулата минатата година. „Мислам дека е предоцна за Формула 1, но се надевам дека вториот дел од мојата кариера ќе биде со автомобил….
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top