Сеп 4, 2015

Скапата ѕвезда на Баерн Минхен исфрлен од репрезентацијата

Новото засилување на германскиот првак Баерн, Артуро Видал, е исфрлен од репрезентацијата воочи пријателскиот натпревар против Парагвај бидејќи на утринскиот тренинг се појавил во алкохолизирна состојба. Како што пренесуваат чилеанските медиуми, Видал ноќта пред тоа се забавувал со пријателите во еден ноќен клуб до раните утрински часови поради што селекторот Хорхе Сампаоли го отстранил од националниот тим. Ова на Видал не му прв ваков инцидент. Последните години неколку пати е казнуван поради ноќни авантури и проводи. Пред само два месеци во алкохолизирана состојба, за време на Копа Амер…

Авг 22, 2015

Некогаш фабрика за играчи а денес сосема нешто друго

Кога во ноември 2012 починатиот Тито Виланова во игра го внесе Мартин Монтоја на местото на Дани Алвес се смета за историски момент за каталонскиот клуб Барселона. Во тој момент Барселона на теренот ги имаше сите 11 играчи кои потекнуваат од нејзината школа La Masia. Валдез, Пујол, Пике, Алба, Чави, Бускетс, Иниеста, Педро, Меси и Фабрегас беа играчите кој во тој момент беа на теренот. Помалку од три години потоа работите драстично се променија. Продажбата на Педро во Челзи е само потврда на егзодусот на играчи од домашната работилница. Во сезоната 2013/14 Барселона во првиот тим имаше 17 …

Авг 19, 2015

Лигата на шампиони сѐ поблизу и во Казахстан

Првакот на Казахстан, Астана, го победи кипарски Апоел со 1-0, а единствениот гол го постигна Бурзан Ѕолчиев во 14 минута. Имено, Астана е најголемиот хит во квалификациите – ги елиминираа фаворизираните Марибор и Хелсинки, а сега ги делат уште 90 минути до тотална сензација.Со идентичен резултат заврши и натпреварот Бате Борисов – Партизан, со тоа што на Белорусите им требаше многу подолго да го постигнат единствениот гол на Михаил Гордејчук во 75 минута, а Партизан целото второ полувреме го играше со играч помалку бидејќи црвен картон заработи Марко Јевтовиќ.Манчестер Јунајтед го победи Б…

Авг 16, 2015

Скандалот во Челзи со убавата физиотерапевтка не стивнува

Сапуницата околу физиотерапевтот на Челзи, Ева Карниеро нема крај, дотолку повеќе што го достигна дното. Имено,  британскиот таблоид The Sun објави интервју со поранешното момче на убавата Ева Карниеро, кое открива детали од нејзиниот приватен живот, а со него приложил и фотографии. Да се потсетиме, Карниеро е под светлата на рефлекторите од минатиот викенд кога менаџерот на Челзи, Хозе Мурињо јавно ја понижи викајќи по неа бидејќи втрча на теренот за да му помогне на Еден Хазард. Подоцна тој ја отстрани од екипата, како и од местото главен физиотерапевт. Така барем тврдат британските меди…

Авг 15, 2015

Сеп Блатер со тешки обвиненија кон Мишел Платини

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер во изјава за саботното издание на холандскиот весник Volkskrant рекол дека претседателот на УЕФА, Мишел Платини му се заканувал со затвор за да го одврати од кандидатурата за челната позиција на Меѓународниот фудбалски сојуз на изборите кои се одржаа во мај.Изјавата наводно Платини му ја кажал на братот на Блатер во Цирих, неколку часа пред гласањето кое доведе до реизбор на Блатер за претседател на ФИФА. Сеп Блатер после тоа причека четири дена за да објави дека поднесува оставка и дека го става својот мандат на располагање, а истовремено американското обв…

Авг 14, 2015

Се случи “злосторство” во Рома

Бразилецот Жерсон наводно го сакаа и Реал и Барселона, но тој ќе го носи дресот на Рома. Беше тоа голема вест за навивачите на римскиот клуб кои со воодушевување ги примија вестите за потписите на Бразилецот и Един Џеко. Но, набрзо ги стави во бунило фотографијата на која Жерсон се пофалил на Twitter.Тој позирал со дресот на кој е неговото име, но има еден не баш така мал проблем. На дресот стоел бројот 10. Тоа е бројот кој долга низа на години е резервиран за иконата не само на Рома туку и во светскиот фудбал, Франческо Тоти.Секако дека тоа веднаш е разбрано како голема навреда бидејќе сеп…

Авг 11, 2015

Шпанските Барселона и Севиља во супер купот на УЕФА

  Шпанските екипи Барселона (освојувач во Лигата на шампионите) и Севиља (победник на Лига Европа), вечерва во Тбилиси го играат Супер купот на УЕФА.Барселона досега два пати го освоила суперкупот во овој формат на натпреварување (во 2009 и во 2011 година), додека во 2006 токму од Севилја беше поразена со 3-0. Претходно Барса во 1992 и 1997 во тогашниот систем на натпреварување триумфираше во Суперкупот.Ова се воедно двата тима што имаат освоено најмногу пехари во еврокуповите во последните десет години. Барселона има четири титули во ЛШ (2006, 2009, 2011 и 2015), а Севиља четири пехари во…

Авг 9, 2015

ФИБА попушти, Русија ќе игра на Евробаскет

ФИБА на својата официјална страница објави дека по сослушувањето на водечките луѓе во Рускиот сојуз, руското министерство за спорт и Олимпискиот одбор на Русија е одлучено дека суспензијата останува на сила, но и дека играчите, тренерите, судиите и останатиот помошен персонал можат да учествуваат на натпреварувањата. ФИБА ја суспендира Русија на 29 јули поради нерешавање на долгогодишните институционални и правни проблеми. Така Русија ќе настапи на ЕП од 5 до 20 септември во групата А во Монпеље со Франција, БиХ, Финска, Полска и Израел.ФИБА истата одлука ја донесе и за Јапонија, но и за ма…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top