Јул 15, 2009

Бекам и Зидан во хуманитарна акција

Поранешните соиграчи во фудбалскиот клуб “Реал Мадрид” повторно се здружија, но овојпат во хуманитарна акција во која се собираат пари за изградба на фудбалски игралишта.Проектот се вика “Отпечатоци на игралиштата” и има за цел да се соберат пари, од кои ќе спонзорираат изградби на детски игралишта.Во акцијата, Бекам и Зидан се првите кои ги оставија своите отпечатоци од нозете. Во склоп на промоцијата, планетарно познатите фудбалери одиграа и еден краток натпревар со децата.{loadposition content9}

Авг 25, 2016

Тековндистот Алескандар Јованоски оди на светско

Трите месеци напорна работа и часовите поминати во технички и кондициони подготовки на Александар Јованоски, ќе кулминираат со неговото учество на претстојното светско првенство во Теквондо, кое на почетокот на наредниот месец треба да се одржи во Андрија Италија. Алексанадар неодамна го исполни и последниот критериум за учество на првенството, односно полагањето за црн појас во оваа боречка вештина. Овој млад спортист кој седум години е член на „Hwa rang ITF“ теквондо клубот од Лескоец, ветува дека достојно ќе ја претстави нашата држава. „Спремен сум да дадам се од себе и на крај ќе видим…

Јул 15, 2009

Македонија ЃП загуби од Бате Борисов

Првиот натпревар од двомечот Македонија Ѓорче Петров – Бате Борисов во рамки на второто квалификационо коло од Лигата на шампионите му припадна на гостинот од Белорусија кој победи со 2:0. Фаворитот попладнево на „Националната арена Филип Втори“ пред околу шест илјади гледачи лесно стигна до убедлива предност пред реваншот. кој за седум дена се игра во Борисов.Фудбалерите од населбата „Ѓорче Петров“ беа рамноправни во првите 20 минути, дури и се заканија преку Даниел Мојсов кој во 10-тата минута по една нафрлена топка од слободен удар биеше со глава од 6-7 метри преку голот на Белорусите. Г…

Јул 14, 2009

Премиерен настап на „лавовите“ против Бате Борисов

Екипата на Македонија ЃП денеска го има премиерниот настап во квалификациите за Лигата на шампионите во фудбал, пречекувајќи го белорускиот тим Бате Борисов.„Лавовите“ од Ѓорче Петров максимално подготвени го пречекуваат денешниот меч против Бате Борисов, со умерен оптимизам дека може да го изненади белорускиот фаворит во дебитантскиот настап во ЛШ.„Добивме силен противник, кој лани настапи во групната фаза од ЛШ, а сезонава е уште посилен. Од белорускиот шампион не се плашиме, ќе се обидеме да наметнеме наша игра и да му се спротивставиме на фаворитот“, изјави тренерот на Македонија ЃП Илч…

Јул 14, 2009

Познати полуфиналистите на Евробаскетот во Охрид

Унгарија, Холандија, Белгија и Романија се полуфиналистите на Европскот првенство за кошаркарки до 20 години Б дивизија што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Во рамките на вчера одиграните четвртфинални дуели, Холандија го направи најголемото изненадување откако ја совлада Унгарија со 74 наспроти 63 поени. Противник на Холандија ќе биде селекцијата на Словачка која ја победи Португалија со резулат 58 : 48. Белгија немаше поголеми проблеми со Израел победувајќи со 85 наспроти 73, додека Романија беше поуспешна од Грција победувајќи со 64 : 56. За денеска на програмата се полуфин…

Јул 13, 2009

Вебер победник на Нирнбургринг

Возачот на Ред Бул Марк Вебер ја постигна својата прва победа во Формула 1 откако стартуваше и од пол позицијата за германското Гран при кое се возеше на пистата „Нирбургринг“. Вебер трката ја заврши со време од 1 час 36 минути и 43 секунди. Со тоа Австралијанецот стана 102. возач во Формула 1 што се искачил на највиското место на победничкиот пиедестал. За комплетна победа на неговиот тим се погрижи Себастијан Фетел, кој го освои второто место, додека трет заврши возачот на Ферари Филипе Маса. Бодови на денешната трка уште освоија Батон, Розберг, Баричело, Алонсо и Ковалаинен. Во генерални…

Јул 13, 2009

Свечено затворена 25. Универзијада во Белград

Во белградска Арена синоќа на свечена церемонија беа затворени 25. летни Универзитетски спортски игри, кои во главниот град на Србија од 1 до 12 јули собраа 8.200 учесници од 122 земји.Универзијадата официјално ја прогласи за затворена претседателот ма Меѓународната организација на универзитетскиот спорт (ФИСУ), Џорџ Килиан.- Додека завесата на летната Универзијата полека се спушта, сакам да им изразам голема благодарност не само на студентите спортисти од целиот свет, туку и на господинот Божидар Ѓелиќ, српскиот вицепремиер, како и на членовите на Организациониот комитет за одличната орган…

Јул 11, 2009

Манчестер Сити се откажа од Ето

Англискиот фудбалски премиерлигаш, Манчестер Сити објавил дека се откажале од идејата во своите редови да го ангажираат Самуел Ето.Сити и понуди на Барселона 25 милиони евра за напаѓачот, но Камерунецот не беше премногу воодушевен, а по оддолговлекувањето со конечниот одговор, Англичаните одлучиле да се повлечат од целата работа. “Без двоумење, Самуел Ето е одличен играч, но околностите кои го опкружуваат се такви да не можно е трансферот да се заврши” – објаснил на клупската интернет страница шефот на Сити, Гери Кук. “Имаме јасна стратегија околу ангажирањето на фудбалери и ќе продолжиме и…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top