Јул 31, 2009

Македонија со четири боксери на СП во Милано

Боксерска репрезентација во состав Вели Мумин, Димитар Ташков, Жута Факлум и Примислав Димовски од 28 август до 13 септември ќе учествува на Светското првенство во Рим, ИталијаБоксерската репрезентација во изминатиот период беше на подготовки во Охрид и во понатамошниот период продолжува со подготовките во Софија, Бугарија каде ќе се подготвува во придружба на боксери од повеќе земји, а предвидени се и спаринг-борби со квалитетни боксери кои ќе настапат на претстојното Светското првенство. Репрезентативците од 10 август заминуваат во тренинг кампот во Милано.Подготовки на репрезентацијата ц…

Јул 30, 2009

Карпата кај Канео, тренинг центар за обука на идните алпинисти

Конечно после 10 години можеме блиску да тренираме, задоволни алпинистите. Идејата и реализацијата на овој проект потекнува од Црвениот крст.Алпинистичката атракција во Охрид.Карпата  во месноста Канео, до црквата на СВ. Јован, нуди одлични услови за обука на идните алпинисти. „Долго време се трудевме да пронајдеме услови и локација за безбедно искачување но и обика на новозаинтересираните за алпинизам“, вели Антонио Додевски, секретар на црвен крст.„На карпата ќе можат да се качат  сите вљубеници во есктремните споротoви но и оние кои ќе пројават желба да пробаат нешто такво. Инаку, Нема с…

Јул 30, 2009

Охрид ќе добие скејт парк

На вистинско место, но за жал не и во вистинско време велат граѓаните. Од локалната имаат алиби зошто се доцни, но ја потенцираат и добрата страна. Конечно ќе се се оддели моторизираниот од пешачкиот сообраќај и безбедност ќе се издигне на повисоко ниво.Ако е задоцнето да не е заборавено. Активностите за новиот скејт парк кој деновиве интензивно се гради, задоцнија поради изборните процеси и временските услови се правда одговорниот на секторот за сообраќај и патишта Зоран Шикалоски. Во моментов при крај се завршните активности за доуредување на пешачката патека со што ќе се реши безбедноста…

Јул 30, 2009

„Илинденска регата“ по 41 – ви пат во Охрид

На 31 јули свечено започнува традиционалната „Илинденска регата“, натпревар во едрење. Ќе се натпреваруваат повеќе од 70 едриличари од Швајцарија,Франција,Србија, Црна Гора и Македонија. Натпреварувањето ќе се одвива на релација: Градско пристаниште, Горица1, Канео, Градско пристаниште. Во зависност од временските услови ќе се возат 4 и повеќе трки на ден. Ќе се натпреваруваат повеќе од 70 нанатпреварувачи од Швајцарија, Франција, Србија, Црна Гора и Македонија. „ Упатувам апел до сопствениците на пловни објекти да бидат крајно внимателни, за време на трките“ рече Стефан Ставрев-претседател…

Сеп 8, 2016

Сомнителен меч на големиот турнир УС Опен

Единицата за веродостојност во тенисот (TIU) објави дека истражува неправилност поврзана со дуелот од првото коло на УС Опен помеѓу Швајцарката Тимеа Башицки и Русинката Виталија Дјаченко кој заврши со 6-1, 6-1 за Швајцарката. За овој меч се утврдени големи и необични уплати во обложувалниците во светот. “Како и во секој случај, така и во овој TIU ќе ги разгледа фактите и ќе донесе одлука за покренување мерки по предупредувањето поврзано со средбата помеѓу Виталија Дјаченко и Тимеа Башицки играна на УС Опен на 30 август во рамките на првото коло”, објави TIU.

Јул 30, 2009

Македонија еден од домаќините на женската ЛШ

Македонија од денеска е домаќин на една од квалификационите групи во најелитното европско фудбалско натпреварување, Лигата на шампиони (ЛШ), во женска конкуренција.Женската ЛШ, во ист формат како и во машка конкуренција, премиерно започнува од оваа година, а Македонија ја доби довербата од УЕФА да биде домаќин на квалификациите во рамки на групата Б.Домаќин на квалификациониот турнир е македонскиот првак Тиквешанка, во група со апсолутниот фаворит францускиот Монпеље, бугарската НСИ Софија, како и Калксвикар од Фарски острови.Натпреварите ќе се играат на стадионите „Младост“ во Струмица и „…

Јул 30, 2009

Шумахер на местото на Маса

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер ќе го замени Фелипе Маса во екипата на Ферари, во седумте преостанати трки од оваа сезона.Веста ја објави германскиот весник „Билд“, според кој Шумахер лично потврдил дека ќе ги вози преостанатите трки и воедно му се заблагодари на Господ што Фелипе Маса е вон животна опасност.„Вистина е дека јас сум ја завршил својата авантура во Формула 1, но не можам да не одговорам на таквото барање на мојот тим кој се наоѓа во еден тежок момент“, изјави Шумахер.На 23 август, на Големата Награда на Европа која се одржува во Валенсија, на воланот…

Јул 29, 2009

Фелипе Маса наскоро излегува од болница

Возачот на Ферари Фелипе Маса продолжи во Будимпешта успешно да се опоравува по тешката несреќа на патеката Хунгароринг и можно е да биде пуштен од болница до крајот на оваа недела.Директорот на Ферари Стефано Доменикали и неговиот претходник Жан Тод, како и семејството на Маса, го посетија Бразилецот во болницата АЕК, а лекарите соопштија дека возачот на Ферари мора да се опоравува „чекор по чекор”.„Штом ќе биде во состојба, ќе се врати во својот болид. Ми се чини дека Фелипе покажа фантастичен напредок за само три дена”, изјави Доменикали.Лекарскиот тим во болницата во Будимпешта наведоа …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top