Норвешкиот судија Том Хенинг Овребо призна дека направил голема грешка на првиот дуел од осминафиналето во Лигата на Шмапионите помеѓу Баерн Минхен и Фиорентина кој се одигра во Минхен.
Норвешкиот судија Том Хенинг Овребо призна дека направил голема грешка на првиот дуел од осминафиналето во Лигата на Шмапионите помеѓу Баерн Минхен и Фиорентина кој се одигра во Минхен.
Баерн на тој дуел победи со 2:1, а до победоносниот гол дојдоа во 89-та минута кога Ивица Олич му асистираше на Мирослав Клосе. Но во тие моменти германскиот репрезентативен напаѓач беше во многу голем офсајд кога не реагираа ниту главниот ниту помошниот судија.
Ден подоцна поради големиот превид се огласи и самиот норвешки судија. “Ја погледнав снимката по натпреварот и немам што да кажам во своја одбрана.
Погрешив” изјави Овребро и додаде: “Потполно ја превземам кривицата за ова што се случи. Се консултирав со линискиот судија, но него не смееам да го обвинам за оваа грешка. Јас ја превземам на себе оваа одлука и јас погрешив. Знам дека не можам да ја вратам оваа ситуација и затоа ми е многу криво” заврши норвежанецот.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град