Бугарскиот маратонец Петар Стојчев, со време од 5:25:38:26 е победник на 23-от меѓународен пливачки маратон.
Бугарскиот маратонец Петар Стојчев, со време од 5:25:38:26 е победник на 23-от меѓународен пливачки маратон.
Во тесна и наизвасна трка по 8ми пат триумфира на патеката „Климе Савин“ долга 30км.
„Поволните услови кои ги имавме годинава, и прекрасната организација овозможија овогодинешното издание на маратонот да заврши речиси еден час побрзо од лани. Повторно ќе настапам и догодина за да го добијам Охридскиот маратон и по 10ти пат“, изјави Петар Стојчев.
Со време од 5:25:38:50 и заостанување од само 24 стотинки второпласиран е Александар Стужински од Германија. Веднаш зад него со врема 5:25:48 како трет на целта доплива Дамјан Блаум од Романија. Нашиот најдобар маратонец Томи Стефановски трката ја заврши како седмопласиран. Ова за него воедно беше и последен настап на Охридскиот маратон.
„Сето ова ми послужи како добра подготовка за предстијните натпреварувања“, изјави Стефановски.
Во женска конкуренција првото место и припадна на Камила Фредијанц од Италија.
Прекрасн време, убави услови на петеката и солидна организација се впечатоците по завршетокот на 23тото издание на Охридскиот маратон.
„Се е убаво кога убаво ќе заврши, а тоа се случи овојпат“ ни изјавија организацијата на маратонот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град