Откако традицијата ги спречи Русите олимпискиот факел да го запалат во вселената со помош на сончеви зраци, тие сега сакаат на патот околу светот пред Зимските олимписки игри во Сочи 2014-та, факелот барем да “сврaти“ до вселенaта.

Руската федерална вселенска агенција нема ништо против планот. Витали Давидов од агенцијата појаснува дека оваа идеја навистина е интересна, теоретски е можно да се реализира со носење на факелот во посебна капсула и оти се отворени за овој предлог доколку руските власти одлучат да го направат тоа.
Но, проблем во целата ситуација е што од безбедносни причини се забранува палење оган во меѓународната вселенска станица. Доколку пак организаторите сепак се одлучат ваква акција да биде изведена, таа мора да добие зелено светло од сите партнери на Меѓународната вселенска агенција.
Градот крај брегот на Црното Море беше избран за домаќин на зимската Олимпијада за 2014-та по личните заложби на рускиот премиер Владимир Путин. Се проценува дека игрите чинат околу 31 милијарди долари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град