Откако ја стекна својата слава погодувајќи ги резултатите од натпреварите за Светското фудбалско првенство во Африка, октоподот Пол доби свој споменик во аквариумот во кој живееше.
Аквариумот „Морски живот“ во Оберхаусен во четвртокот откри пластична копија на октоподот Пол со висина од 1,8 метри, која со своите пипки држи фудбалска топка.
Потпаролот на аквариумот Тања Мунзиг изјави дека пепелта на кремираниот октопод Пол е сместена во урна, што се наоѓа во внатешноста на топката.
Октоподот Пол ги погоди сите седум натпревари на репрезентацијата на Германија, како и финалето во кое играа Шпанија и Холандија.
Пол го прогнозираше победникот отварајќи една од двете кутии, од кои секоја содржеше школки и знаме на една од земјите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град