Охридскиот тартан домаќин на државното атлетско првенство

Поединечно државно атлетско првенство и натпреварување вон конкуренција. Охридскиот тартан беше домаќин на овој спортски настан на кој учествуваа осумдесетина натпреварувачи од десетина атлетски клуба од Македонија. На патеката активно се спремаа и атлетичарите кои бараа место во Македонската атлетска репрезентација за Европското екипно првенство во Рејкјавик-Исланд.

 |  Мишел Наумоски  | 
tartan
тартан

atletikaОхрискиот тартан им посака добредојде на пионерите и пионерките во атлетика на Државното атлетско првенство. Реновираната атлетска патека како и новонабавените реквизити го направија ова натпреварување достојно дури и за Европските и Светските купови. Од Атлетската федерација на Македонија велат недостасуваат уште само неколку сегменти за охридската атлетска патека да стане едно вистинско атлетско борилиште. Овој атлетски натпревар велат е само дел од она што следува во иднина.

„Согласно календарот на АФМ се одржа поединечно првенство, државно за пионери и пионерки на кое учествуваа околу 80 натпреварувачи од десетина клуба од Македонија кои се членки на АФМ. Имаа право да настапат атлетичари родени 1996 година и помлади и секако овој натпревар воедно имаше и надвор од конкуренција карактер, изборен карактер за оние учесници кои денеска бркаа некои резултати условно кажано за избор во репрезентација за Европско екипно првенство кое ќе се одржи во јуни месец 17, 18 во Рејкјавик-Исланд.“-рече Генералниот секретар на Атлетската федерација на Македонија-Дејан Ангелоски

atletikaРепублика Македонија не може да се пофали со вака квалитетни патеки. Досега атлетски тартан патеки постоеја во Скопје каде што сега е руинирана значи не е за употреба, во Велес која што е исто така постара од 30-40 години, во Скопје беше исто така 40 години стара. Имаше во Охрид една бетон, асфалт патека и во Штип-рече Ангелоски

„Ова е веќе прва атлетска патека што се изгради во Македонија по сите стандарди и услови и тоа со 8 патеки што навистина не вбројува, со ова ги овозможивме и подобривме условите, многу многу на високо ниво да можеме да ги реализираме и одржуваме натпреварите. Покрај тоа секако се вложија напори да се опремат со сегменти со реквизити како што е за скок во височина сегментот нов, останати реквизити, копја, дискови, кугли за да може непречено да се одвива еден атлетски натпревар.“-вели Ангелоски

Стадионот на СРЦ Билјанини извори од Охрид со неговата атлетска патека ќе придонесе самата федерација, самиот град, самиот клуб тука во Охрид ќе можат да придобијат многу како што е во огранизација на поголеми меѓународни натпревари така да стане и еден во иднина еден атлетски центар за подготовки-додаде Ангелоски

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top