• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Охридските каратисти редат успеси на меѓународни и државни натпревари

Охридските каратисти редат успеси на меѓународни и државни натпревари

Од четири испратени натпреварувачки на интернационалниот „ИПОН КУП“ три се закитија со злато а една со сребро.

 |  Ристо Јакимоски  | 
Dejan Coleski
Дејан Чолески

Карате клубот „Чоле“ постои во Охрид од 2002 година, со постојано место за тренинг во гимназијата. Во рамките на клубот вежбаат каратисти на нај различна возраст .Во изминатите години клубот има освоено околу 300 медали и признанија. На осми март клубот учествуваше на интернационалниот карате куп „ИПОН“ во Србија .

„На „Ипон“ купот во Србија на кој зедоа учество повеќе екипи од балканот .Организиран на 8ми март четири од нашити учеснички се закитија со три златни и еден сребрен медал“ изјави Дејан Чолески.  

K.K. ColeВажно е да се нагласи дека во овој спорт строгите правила ги сведуваат контактите на минимум. Натпреварувачкиот дел  е поделен во две категории презентирање на кати и борби. Во зависност од старосната и килограмската граница овие две се поделени во повеќе под категории .

Во овој спорт човек може да се натпреварува додека е жив. Друго е прашањето колку ќе може да се носи со помладите генерации. После триесет години каратето се вежба како вештина што е сосема по различно од натпреварувачкиот дел објаснува мајсторот Дејан Чолески.  

Во иднина на карате клубот му предстојат натпревари од државен карактер кои ќе се одлучувачки за влез во македонската карате репрезентација.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top