Светската шампионка во трката на 800 метри Кастер Семениа, откако се обелодени информацијата вчера дека станува збор за хермафродит, одлуката за својата судбина ќе ја дознае во ноември.
Светската шампионка во трката на 800 метри Кастер Семениа, откако се обелодени информацијата вчера дека станува збор за хермафродит, одлуката за својата судбина ќе ја дознае во ноември.
Семениа пред освојувањето на златниот медал морала да биде подложена на тест за утврдувања на полот, поради големиот напредок во резултатите кои ги постигна во последнава година. Поранешниот тренер на јужноафриканската атлетичарка изјави дека таа е хермафродит, додека тренерот кој ја водеше селекцијата на Светското првенство во Берлин поднесе оставка поради сите случувања. За случајот на Семениа ќе се расправа на состанокот на извршниот совет на Светската атлетска федерација (ИААФ), кој ќе се состане на 20 и 21 ноември, а пред тоа никој нема право да дава било какви информации за случајот.
„Јасно е дека таа е жена, но можеби не 100 проценти. Мораме да утврдиме дали таа има предност во однос на другите поради тоа што е хермафродит. Се уште ги немаме сите резултати, но оние кои ги имаме мора да им ги дадеме на стручњаците на процена. Проблемот е што незнаеме дали треба да им ги дадеме на стручњаците кои се надвор од ИААФ или на нашата медицинска комисија, која ќе се состане во Монако на 16 октомври“, се вели во соопштението на ИААФ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град