Одбиена е жалбата на „Мекларен“, на одлуката на ФИА, нивниот возач Луис Хамилтон да биде казнет поради непрописно претекнување на трката за Големата награда на Белгија.
Одбиена е жалбата на „Мекларен“, на одлуката на ФИА, нивниот возач Луис Хамилтон да биде казнет поради непрописно претекнување на трката за Големата награда на Белгија.
Поради казната од 25 секунди Хамилтон и покрај победата, падна на третото место, а триумфираше Фелипе Маса.
„Во статутот стои дека казните поради непорписно претекнување не се подложни на корекции. Бидејќи слушнавме објаснувања од сите страни, одлучивме жалбата да не биде основана“, -пишува во соппштението на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).
Луис Хамилтон не беше многу разочаран од одлуката на комисијата.
„Луѓето најверојатно очекуваат да паднам во депресија после ова, но јас не сум таква личност. Единствено што сега сакам е да ја заборавам целава оваа работа да се сконцентрирам на следните две трки. Ние сите сме возачи, тркачи, и во нашата природа е да имаме натпреварувачки дух. Претекнувањето е тешко, но ние го сакаме и прекрасно е чувството, кога ќе ни успее“ изјави црномурестиот возач.
Официјалниот претставник на „Мекларен“, Мартин Витмарш беше разочаран од пресудата.
„Никој не сака да освои Гран При на суд, но имавме впечаток дека Луис во белгија триумфира на патеката и тоа на возбудлив и импресивен начин. Тоа смирено и го презентиравме на комисијата и не ни е јасно зошто е жалбата неприфатлива. Сега се враќаме на останатите трки, останаа уште четири“, рече Витмарш.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град