Американскиот претседател Барак Обама застана зад кандидатурата на САД за домаќин на светското фудбалско првенство во 2018 или 2022 година.
Американскиот претседател Барак Обама застана зад кандидатурата на САД за домаќин на светското фудбалско првенство во 2018 или 2022 година.
Обама во писмо до претседателот на ФИФА Сеп Блатер нагласи дека „фудбалот е многу повеќе од игра“, објави денеска лондонскиот весник Гардијан.
„Фудбалот е многу повеќе од игра. Тој на најубав и најинтензивен начин го поврзува целиот свет. Би сакал САД да бидат промотори на тоа заедништво и во таа смисла да бидеме домаќини на големото спортско дружење“, се наведува во писмото на Обама до Блатер.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) во декември 2010 ќе одлучува кој ќе биде домаќин на СП 2018 и 2022 година. Кандидатури засега поднесоа Англија, Австралија и САД.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град