Нови анализи од примероците од Олимписките игри во Пекинг

Меѓународниот олимписки комитет објави дека во јануари следната година со помош на нова технологија повторно ќе бидат тестирани допинг примероците земени за време на Олимписките игри во Пекинг.

 |  Крсте Голабовски  | 
Peking OI
Пекинг ОИ

Меѓународниот олимписки комитет објави дека во јануари следната година со помош на нова технологија повторно ќе бидат тестирани допинг примероците земени за време на Олимписките игри во Пекинг.

Најголемиот дел од вкупно 500 примероци, земени од натпреварите во кајак и кану, атлетика, пливање и велосипедизам, ќе бидат обработени во антидопинг лабораториите во Лозана кои ги одобри Светската анти-допинг агенција.

anti doping komisijaЗа анализирање на 400 примероци ќе бидат користени анализа на крвта, за прв пат направен на овогодинешниот Тур де Франс. Останатите 100 примероци од урина ќе бидат тестирани со помош на таканаречената инсулин техника, која се усовршуваше во лабораторија во Келн. Првите резултати од овие анализи ќе бидат познати во март следната година.

„Во склад со антидопинг политиката која ја спроведуваме, МОК ги чува сите примероци земени на Олимписките игри, осум години што овозможува ретроактивна антидопинг анализа која се прави за откривање нови допинг супстанции“ соопштија од МОК.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top