Нова криза во Ф1

Шефот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Макс Мозли одново ја доведе во прашање иднината на Формула 1.

 |  Крсте Голабовски  | 
Luka Montezzemolo
Лука Монтеѕемоло

Шефот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Макс Мозли одново ја доведе во прашање иднината на Формула 1.

Шефот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Макс Мозли одново ја доведе во прашање иднината на Формула 1, откако му напиша писмо на претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, барајќи од него јавно извинување, јави Ројтерс. Во писмото тој изјавува и дека ќе размисли дали ќе се повлече од Ф1 во октомври, како што претходно најави.

Luka MontezzemoloМозли и Монтеѕемоло во средата изјавија дека постигнале договор за иднината на трките во Формула 1. Со тој состанок заврши заканата за отцепување и формирање паралелна, нова Ф1, предводена од Ферари. По ова, 69-годишниот Британец Мозли рече дека бил изненаден од изјавите против него, дадени за медиумите од Асоцијацијата на клубовите во Ф1 (ФОТА). Мозли ги обвини Монтеѕемоло и ФОТА дека лажно изјавиле оти тој е избркан и дека нема да има никаква улога во ФИА по октомври годинава.

– Згора, на медиумите им велите дека сум бил диктатор, што е обвинување кое ги навредува и 26-те члена на светскиот совет на мото-спортот, кој дискутира и одлучува за правила, измени и друго во Формула 1 од 1980 година. Ако сакате договорот што го постигнавме да има некаква шанса да преживее, вие и ФОТА морате веднаш да ги исправите вашите изјави и да се извините – изјави Мозли, чиј татко пред Втората светска војна беше лидер на британската фашистичка партија.

Монтеѕемоло немаше коментар. Мозли во минатата година остана на функцијата и покрај секс-скандалот во кој беше вмешан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top