Нов триумф на Контардо и Деклер

Фелисијано Лопез Контардо е победникот во категоријата мотори на две тркала од дванаесеттата етапа на релито Дакар која се возеше од Сан Хуан до Сан Рафаел со вкупна должина од 796 километри.

 |  Голабовски Крсте  | 
Lopez Contrado
Лопез Контрадо

Фелисијано Лопез Контардо е победникот во категоријата мотори на две тркала од дванаесеттата етапа на релито Дакар која се возеше од Сан Хуан до Сан Рафаел со вкупна должина од 796 километри.

logoКонтардо ја извозе трката со време од 3 часа, 48 минути и 34 минути пред Давид Фретиње и Пал Андерс Улевалсетер. Кристоф Деклерк од Поларис повторно ја прекина доминацијата на Алесандро и Маркос Патронели кои ја завршија етапата на втората односно третата позиција. Деклерк ја извозе етапата со време од 4 часа, 52 минути и 22 секунди.

Карлос Саинз стигна до својата втора победа на релито со време од 3 часа, 30 минути и 29 секунди, пред Насер Ал Атилах и Марк Милер.

По второто место од изминатата етапа, Владимир Чагин повторно се врати на победничкиот пиедестал со извозено време од 4 часа, 27 минути и 14 секунди пред Фирдаус Кабиров и Илгизар Мардеев.

Тринаесеттата и претпоследна етапа од релито Дакар ќе се вози од Сан Рафаел до Санта Роса во Аргентина со вкупна должина од 725 километри.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top