Никој нема да не престигне

Италијанскиот шампион Интер успеа да ја преживее пеколната недела во која прво го мина Челзи во осминафиналето од Лигата на шампионите, а потоа одигра 1:1 на гостувањето кај Палермо за на крајот да остане на првата позиција на табелата во Серија “А” пред се благодарение на нерешениот резултат на нивниот конкурент Милан во дуелот со Наполи.

 |  Маја Савиќ  | 
Murinjo
Мурињо

MurinjoИталијанскиот шампион Интер успеа да ја преживее пеколната недела во која прво го мина Челзи во осминафиналето од Лигата на шампионите, а потоа одигра 1:1 на гостувањето кај Палермо за на крајот да остане на првата позиција на табелата во Серија “А” пред се благодарение на нерешениот резултат на нивниот конкурент Милан во дуелот со Наполи. Екипата од Џузепе Меаца има само една победа на последните седум натпревари, што е најлоша серија по сезоната 2004/05. Меѓутоа тренерот Жозе Мурињо воопшто не е загрижен за ситуацијата во која се наоѓа неговиот тим, бидејќи верува дека фудбалерите се способни да одиграат квалитетно до крајот и да го одбранат трофејот.

“Конкурентите ги пропуштија своите шанси да не престигнат. Повеќе нема да им пружиме вакви можности. Сега играме со Ливорно и тоа ќе биде почетокот на нова наша победничка серија”, изјави Мурињо.

По дуелот со Ливорно в среда Интер ќе го одигра дербито на Олимпико против Рома еден од клучните мечеви за “Скудетото”. На неговите изјави се приклучи и голманот Жулио Цезар кој додаде дека сите екипи кои играат против Интер дополнително се мотивирани и целосно мобилизирани, меѓутоа тоа не му пречи на неговиот тим во обидот да стигне до бодовите.

“Апсолутно сум сигурен дека повторно ќе бидеме шампиони. Иако ги пропуштивме двата бода против Палермо, докажавме дека сме страшен тим. Сите противници се трудат максимално кога играат со нас, но тоа е логично. Ние сме шампиони и сите сакаат да се надигруваат со нас. Не стравувам од конечниот епилог на сезоната, бидејќи верувам дека Интер на чело со Мурињо ќе стигне до нова титула”, изјави бразилскиот голман.

По одигрувањето на 29 коло во Серија “А” Интер е на првата позиција со 60 освоени бодови, еден повеќе од Милан и четири од Рома на третото место.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top