Иако е се уште многу рано и тензиите за три месеци отсега можеби ќе спласнат, Американците не сакаат ништо да препуштат на случајот околу својата безбедност. Турција, чии конвој хуманитарци беше нападнад на пат кон појасот Газа, остро ги критикуваше САД за млаката реакција, особено што Американците се традиционалните сојузници на непријателот број еден на муслиманските земји, Израел.
Сето ова беше доволно, американските медиуми да се распишат за евентуалната лоша безбедносна ситуација, која ќе предизвика неиграње на СП. – Јасно е дека сигурноста е над се. Внимателно се следиме во светот, но за некои конечни одлуки рано е да говориме – вели Џери Коланџело, директорот на американскиот „дрим тим“
Во најмала рака тимот на сништата на САД може да биде повеќе од десеткуван поради се почестите откази на првите ѕвезди. По Леброн Џејмс, Крис Бош и Двен Вејд, кои сигурно нема да настапат, преед дефинитивна одлука најавена е и Двајт Хауард, но и од Коби Брајант.
– Сигурноста наша е прв услов за доаѓање. Ситуацијата на сите нас ни е во мислите и можам да кажам дека сите опции се во игра, па дури и откажување на настапот во Турција. Но, нема да брзаме и внимателно ќе ја следиме ситуацијата – додаде Коланџело.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град