Недвед останува во Јувентус

Чешкиот ветеран кој игра во Јувентус, 37-годишниот Павел Недвед, сепак нема да ја прекине својата кариера.

 |  Крсте Голабовски  | 
Pavel Nedved
Павел Недвед

Чешкиот ветеран кој игра во Јувентус, 37-годишниот Павел Недвед, сепак нема да ја прекине својата кариера. Тој сака да одигра уште една сезона.

Pavel NedvedСпоред официјалните информации од Јувентус, управата на клубот го предомислила стариот лисец дека им е потребен уште една година. Со тоа тој ќе го продолжи договорот со старата дама за уште едно лето во кое би земал по 1.7 милиони евра и повторно ќе добие прилика да се бори за европската шампионска титула што му е неостварена желба на Недвед.

По елиминацијата од Челзи во осмина финалето од Лигата на Шампионите оваа година, Недвед најави повлекување и прекин на кариерата.
Недвед е во Јувентус од 2001 година, беше во клубот и кога тој мораше да го напушти елитното друштво и му помагаше во сите неприлики, вкупно има одиграно 246 средби и има постигнато 51 погодок.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top