НБА сезоната спасена

НБА и играчите по 16-те часа преговарања постигнаа начелен договор за ставање крај на локаутот и спасување на сезоната 2011/12.

 |   | 
nba
nba

Новата НБА сезона треба да стартува на 25. декември. Тоа е резултатот на 16-те часа преговарање во Њујорк, преговори кои стартуваа во петокот напладне, а завршија во три часот наутро по американско време.

nba

Играчите, како и сопственциите на клубовите постигнаа начелен договор околу новиот колективен договор, а сега е потребен само нивниот глас за да се финализира договорот.

„Оптимисти сме дека договорот ќе биде потпишан од двете страни и дека конечно ќе имаме НБА сезона“ – изјави веднаш по состанокот НБА комесарот Дејвид Штерн.

Според некои извори, поделбата на приходите е договорена да биде 50-50, а договорени се и останатите главни детали од новиот колективен договор. Тренинг-камповите на екипите би требале да стартуваат на 9. декември, а на 25. 12. да започне и новата НБА сезона со римечот од финалето помеѓу Далас и Мајами.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top