Навивачите на „Баерн“ го сакаат назад Оливер Кан

Тешкиот пораз на актуелниот шампион „Баерн“, против Вердер од 2:5, во петтотo коло на Бундеслигата, ги разлути навивачите на баварците.

 |  Крсте Голабовски  | 
Oliver Kan
Oliver Kan

Тешкиот пораз на актуелниот шампион „Баерн“, против Вердер од 2:5, во петтотo коло на Бундеслигата, ги разлути навивачите на баварците.

Фановите на „Баерн“, целата кривица за најтешкиот дебакл во последните три децении му ја припишуваат на голманот Михаел Рензинг. Рензинг, на голот на „Баерн“ го замни славниот Оливер Кан, кој речиси две децении бранеше на голот на „Баерн“ и беше првиот голман на „панцирите“, кој се повлече од активниот фудбал ова лето.

„Го сакаме Оли, голманскиот колос. Оли врати се!“ во саботата скнадираа околу 70.000 навивачи.

Bayern MinhenИнтересен е и фактот дека ниту управата на клубот ниту навивачите на „Баерн“ за катастрофата во петтот коло на германскиот шампионат не го обвинуваат новиот тренер, Јирген Клинсман, доскорешниот селектор на германската репрезентација.

Овој 44 годишен експерт на местот шеф на стручниот штаб на „Баерн“, го замени Отмар Хицфилд, кој замина да биде селектор на репрезентацијата на Швајцарија.

Кан, последниот натпревар во дресот на „Баерн“ го одигра на 27.05.2008 година на пријателскиот натпревар против индискиот клуб „Мохун Баган“, каде 120.000натпреаврувачи го испратија во пензија. Кан, во 55-та минута го замени Михаел Рензинг.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top