Манчестер Јунајтед се соочува со дисциплинска постапка
Манчестер Јунајтед се соочува со дисциплинска постапка од страна Англиската фудбалска асоцијација откако навивачите на натпреварот против градскиот ривал Манчестер Сити фрлаа монети и шишиња пиво кон Крег Белами.
Инцидентот од натпреварот на Олд Трафорд се случи кога Белами истрча до аут линијата да изведе аут, а навивачите на Јунајтед почнаа да го гаѓаат со шишиња и монети.
Голманот на Јунајтед, Едвин ван дер Сар истрча до корнерот и им порача да се смират, а Гарет Бери од Сити само му го однесе монетите на судијата Хауард Веб.
Клубот се соочува со санкции од парични казни до играње натпревари без публика на стадионот Олд Трафорд.
Во полуфиналниот натпревар, Манчестер Јунајтед со победата против Манчестер Сити од 3:1 се пласира во финалето на Карлинг купот каде ќе игра против Астон Вила.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град