Нашите најдобри кошаркари го освоија второто место на турнирот „Примус“ кој се одржа во словенечкиот град Птуј.
По поразот од победникот на турнирот Словенија со 83:71 на стартот, избраниците на селекторот Марин Докузовски славеа со 66:57 против Полска, која претходно изгуби од домаќинот.
Следна поголема проверка за формата на нашите кошаркари во пресрет на ЕП во Литванија ќе ја имаат на турнирот во Бормио викендов. На овој турнир ќе земат учество и кошаркарските репрезентации на Канада, Бугарија и домаќинот Италија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град