Најдобриот плејмејкер за 2009 година

Фудбалерот на Барселона и шпанската репрезентација Чави Хернандез втора година по ред, е прогласен за најдобар плејмејкер на светот за 2009 година според Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

 |  Голабовски Крсте  | 
Cavi Hernandez
Чави Хернандез

Фудбалерот на Барселона и шпанската репрезентација Чави Хернандез втора година по ред, е прогласен за најдобар плејмејкер на светот за 2009 година според Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Халфот на “блауграна” го освои првото место со 164 бода, 21 повеќе од најдобар светски фудбалер според ФИФА и добитникот на “Златната топка” за оваа година Лионел Меси.

Cavi HernandezМеѓу првите тројца се наоѓа и фудбалер на Реал Мадрид, Кака со 99 бода. Интересно е тоа што освојувачот на “Златната топка” од 2008 година, Кристијано Роналдо, се наоѓа на дури на седмата позиција со 41 бод. Церемонијата на која Чави и официјално ќе ја прими наградата ќе се одржи во Лондон на први февруари. Претходно Барселона беше прогласена за најдобар клуб изминатата година, а Пеп Гвардиола најдобар клупски тренер. Уште двајца Шпанци добија признанија за најдобри според ИФФХС. Тоа се Висенте дел Боске како најдобар селектор и чуварот на мрежата на Реал, Икер Касиљас како најдобар голман.

10. НАЈДОБРИ ПЛЕЈМЕЈКЕРИ ЗА 2009

1. Чави Хернандез Барселона Шпанија 164 бода

2. Лионел Меси Барселона Аргентина 143

3. Рикардо Кака Реал М. Бразил 99

4. Андрес Иниеста Барселона Шпанија 98

5. Стивен Џерард Ливерпул Англија 54

6. Сеск Фабрегас Арсенал Шпанија 45

7. Кристијано Роналдо Реал М. Португалија 41

8. Френк Лампард Челзи Англија 35

9. Андреа Пирло Милан Италија 26

10. Хуан Себастијан Верон Естудијантес Аргентина 13

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top