Вчера се одигра најчудниот тениски меч на годината помеѓу Швајцарката Пети Шнајдер и Аргентинката Жизела Дулко во првото коло на јакиот WTA турнир во Рим на земјена подлога.
Со оглед на тоа колкаво е влијанието на обложувачката мафија во тенисот во последниве две три години, мечот Шнајдер-Дулко може да послужи како школски пример.
За два часа и 37 минути се случија толку многу пресврти што можеме само да си пофантазираме колку се смениле коефициентите во кладилниците и колку некој заработил.
Шнајдер имаше сигурни 5:0 во третиот сет но и целосно изгубена противничка на другата страна. Но во тој миг доаѓа до неочекуван пресврт. Дулко се повампирува а Шнајдер игра како со две леви раце. И глеј чудо, Дулко доаѓа до водство од 6:5.
Но тоа не е се. 31-годишната Швајцарка како од шега, нанижува 5 поени, спасува 3 меч топки и потоа добива тај брејк за меч 6:7,6:2,7:6. Да потраеше овај натпревар топчињата ќе почнеа да повраќаат бидејќи и нив им стана јасно дека е наместен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град