Надал и Вилијамс, најбогатите тенисери за 2013

Рангирањето на АТП и на ВТА листите вообичаено треба да ни даде слика за формата и за квалитетот на тенисерите и на тенисерките, меѓутоа покажува и нешто друго.

 |  Голабовски Крсте  | 
Rafael Nadal i Serena Vilijams
Раафаел Надал и Серена Вилијамс

Рафаел Надал и Серена Вилијамс не се само најдобри на споменатите ранг-листи, туку годинава ја водат својата конкуренција и според заработката.Имено, шпанскиот тениски ас сезонава заработил 10 880 109 долари, додека помладата од сестрите Вилијамс, Американката Серена, заслужила 12 358 572 долари.Најблиску до нив се и најголемите конкуренти, соодветно, српскиот натпреварувач Новак Ѓоковиќ со 8 554 397 долари и Белорусинката Викторија Азаренка со 6 497 165 долари.
Еве ги листите со заработка, пандан на АТП и ВТА.

Тенисери:

1. Рафаел Надал (Шпанија) 10 880 109 долари
2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8 554 397 долари
3. Енди Мареј (Велика Британија) 5 416 221 долари
4. Давид Ферер (Шпанија) 3 591 647 долари
5. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 3 519 614 долари
6. Томаш Бердих (Чешка) 2 257 981 долари
7. Роже Федерер (Швајцарија) 2 194 811 долари
8. Ришар Гаске (Франција) 2 179 475 долари
9. Станислас Вавринка (Швајцарија) 2 140 501 долари
10. Михаил Јужни (Русија) 1 777 428 долари

Rafael Nadal i Serena VilijamsТенисерки:

1. Серена Вилијамс (САД) 12 358 572 долари
2. Викторија Азаренка (Белорусија) 6 497 165 долари
3. На Ли (Кина) 3 982 485 долари
4. Марија Шарапова (Русија) 3 544 222 долари
5. Агнешка Радванска (Полска) 3 118 332 долари
6. Сара Ерани (Италија) 3 037 992 долари
7. Марион Бартоли (Франција) 2 890 132 долари
8. Петра Квитова (Чешка) 2 853 474 долари
9. Ангелика Кербер (Германија) 2 139 358 долари
10. Јелена Јанковиќ (Србија) 2 030 349 долари

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top