Светскиот рекет број 2 Рафаел Надал изрази мала доза оптимизам за успех на претстојното Отворено првенство на САД, подготвувајќи се да ги тестира своите проблематични колена оваа недела на АТП-турнирот во Монтреал.
Светскиот рекет број 2 Рафаел Надал изрази мала доза оптимизам за успех на претстојното Отворено првенство на САД, подготвувајќи се да ги тестира своите проблематични колена оваа недела на АТП-турнирот во Монтреал.
„За Флешинг медоуз секако дека ќе бидам посвеж и поодморен, но за некаков успех е рано да се зборува. Неделава ќе видам како моите колена ќе го издржат притисокот, а потоа ќе имам уште малку време за да постигнам што е можно подобра форма. За триумф воопшто не сакам да размислувам. Во моментов го проверувам нивото на подготвеност“ – изјави Надал, кој во Монтреал може да го загуби второто место на листата на АТП од Шкотланѓанецот Енди Мареј.
Поради тендинитис во двете колена, шпанскиот ас паузира од тениските терени од 31 мај кога беше елиминиран од Ролан Гарос. Тој одигра две егзибициски средби пред почетокот на Вимблдон, но и двете ги загуби. Поради тоа се откажа од неофицијалното светско првенство во тенис на Вимблдон, а злобниците под знак прашалник ја ставија и неговата понатамошна кариера. Сето тоа се должеше на изјавите на докторите дека Надал има коленици на 33-годишен човек, што е последица на претераното играње на терени со тврда подлога за време на растењето.
„Ќе биде тешко да се вратам во старата форма. Уште потешко ќе биде да се триумфира во САД, кој е единствен гранслем-турнир кој ми недостига во кариерата “ додаде Надал.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град