Надал неприкосновен

Рафаел Надал на земја, во финалето на мастерсот 1000 во главниот италијански град докажа зошто е број еден.

 |  Крсте Голабовски  | 
Rafael Nadal
Рафаел Надал

Рафаел Надал на земја, во финалето на мастерсот 1000 во главниот италијански град докажа зошто е број еден.

Новак Ѓоковиќ добро играше сет и половина и сериозно го загрижи првиот светски рекет, но нешто повеќе од тоа, сепак, не можеше. Како и порано во текот на неделата, Надал славеше без изгубен сет, со 7:6 (2) и 6:2.

Rafael NadalВо првиот сет видовме дека и Рафаел Надал може да се најде под притисок на црвениот прав. Но, ако веќе испушти можност во раниот дел од сетот, кралот на земјата не дозволи такво нешто да се случи во тај-брејкот. Навистина, Ѓоковиќ нешто промаши, два бекхенда отидоа надвор од теренот во лоши моменти, но против Надал не се оди без ризик. Со таков пристап се врати во сетот, а во тај-брејкот грешките ги искористи Надал кој го доби со убедливи 7:2. Првиот сет траеше еден час и десет минути, а во продолжението работите добија на брзина. За разлика од првиот сет, првиот тенисер на светот не ја пропушти стекнатата предност, а сето тоа го потврди со брејк и за 6:2, користејќи го падот во играта на Ѓоковиќ.
Против Надал на земја никому не му е лесно да издржи до крај, тоа се потврди и овој пат. За кралот на земјата ова е четврта титула во Рим, а вкупно 15. на турнирите од ваков ранг. Во оваа категорија Надал е на само две титули до рекордот на Андре Агаси, а се’ уште не наполнил 23 години. Заклучете сами. Покрај поразот, Новак Ѓоковиќ поради тоа што не го одбрани Рим, го загуби и третото место на АТП-листата, кое сега е во рацете на Енди Мари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top