Надал не верува дека Ѓоковиќ има проблеми со дишењето

Како и Енди Мареј претходно, Рафаел Надал не е убеден дека Новак Ѓоковиќ има проблеми со дишењето пред нивниот дуел в недела (9.30ч.) во финалето на Отвореното тениско првенство на Австралија.

 |   | 
Nole i Nadal
Nole i Nadal

Како и Енди Мареј претходно, Рафаел Надал не е убеден дека Новак Ѓоковиќ има проблеми со дишењето пред нивниот дуел в недела (9.30ч.) во финалето на Отвореното тениско првенство на Австралија.

За време на полуфиналната победа во пет сета над Мареј, српскиот тенисер покажа знаци на потешкотии во дишењето, за кои тој вели дека се последица на алергии. Надал, пак, вели дека Ѓоковиќ вообичаено игра физички одлично во финишот од големите мечеви.
„Чудно е, нели? Го гледав мечот (против Мареј) на ТВ… Кога беше петтиот сет, тој се движеше фантастично, а кога покажаа моменти од два часа и 50 минути претходно изгледаше како да е уништен. Два часа и 50 минути подоцна тој беше во совршена кондиција. Затоа, тешко е да се замисли дека тој има такви проблеми. Не знам“, изјави Надал на последната прес-конференција пред финалето.
На женскиот дел од турнирот, Викторија Азаренка ја совлада Марија Шарапова со 6:3, 6:0 во финалето и стана нов број еден на ВТА-листата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top