Надал, Мареј и Сафина, Серена одат понатаму

Рафаел Надал, Енди Мареј, Динара Сафина и Серена Вилиамс се победници на четвртфиналните натпревари на УС Опен

 |  Крсте Голабовски  | 

Рафаел Надал, Енди Мареј, Динара Сафина и Серена Вилиамс се победници на четвртфиналните натпревари на УС Опен.Надал и Мареј утре ќе се сретнат во полуфиналето, бидејќи шпанецот го победи Марди Фиш, дедека британецот го совлада Хуан Мартин дел Потра.

Флешинг МедоусСафина без поголеми проблеми ја победи италијанката Флавија Пенета, додека Серена после два драматични тај-брејка ја совлада својата сестра Венус Вилијамс.
Денес на програмата на УС Опен се останатите четвртфинални дуели, на кои ќе се сретнат, Милер -Федерер и Џокович-Родик, додека жените на теренот ќе се сретнат повторно утре.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top