Муту нокаутира хотелски гостин

Фудбалерот на Фиорентина Адриан Муту успеа повторно да се замеша во скандал. Овој пат Романецот влезе во тепачка со еден 43-годишен човек за време на прославата во хотелот „Четири сезони“ во Фиренца.

 |  Голабовски Крсте  | 
Adrian Mutu
Адриан Муту

Фудбалерот на Фиорентина Адриан Муту успеа повторно да се замеша во скандал. Овој пат Романецот влезе во тепачка со еден 43-годишен човек за време на прославата во хотелот „Четири сезони“ во Фиренца.

Adrian MutuИграчот на Фиорентина го удрил противникот во лицето и го нокаутирал. Од хотелот повикале Брза помош која го пренела настраданиот во болница каде што останал цела вечер.

Верзијата на Муту се разбира е поинаква и тој тврди дека бил прв нападнат и само се бранел.

Очевидците на инцидентот изјавија дека до тепачката дошло откога двајцата се спречкале за време на танцувањето.  Муту од своја страна ги побара снимките од камерите во хотелот како би ја поткрепил сопствената верзија на настанот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top