Мурињо го тргна од насловните во Англија расплаканиот Бекам

Стратегот на Интер, Жозе Мурињо повторно ја потврди својата намера еден ден ќе се врати во Премиер Лигата но сега е фокусиран само на тоа како да освои повеќе титули со Нероаѕурите.

 |  Маја Савиќ  | 
Murinjo
мурињо

MurinjoСтратегот на Интер, Жозе Мурињо повторно ја потврди својата намера еден ден ќе се врати во Премиер Лигата но сега е фокусиран само на тоа како да освои повеќе титули со Нероаѕурите

Мурињо, кој доби отказ од Сините во септември 2007, се врати на Стемфорд Бриџ за прв пат за дуелот помеѓу Челзи и Интер во Лигата на Шампионите.

Зборувајќи на вчерашната прес-конференција Португалецот повторно ја нагласи својата желба во иднина да се врати во Премиер Лигата како и да освои титула во Шпанскиот шампионат.

Но ’Специјалниот’ во моментов е фокусиран само на тоа како да освои повеќе титули.

“Како што имам кажано претходно, посакувам да направам некои работи во мојата кариера – една од нив е да се вратам во Премиер Лигата; дурга е да освојам титула во Шпанскиот шампионот, бидејќи никој не освоил титули во Англија, Италија и Шпанија; и уште една цел, кога ќе остарам, да бидам селектор на мојот национален тим.” – рече Мурињо.

“Но во моментов јас сакам само да продолжувам да победувам со Интер.”

Запршан што би можел да постигне доколку останел во клубот, Мурињо рече: “Жалам што добив отказ но гледам нанапред. Жалам бидејќи кога ќе погледнам во големата четворка од Англија, нивните менаџери сеуште се таму.”

“Сер Алекс Фергусон е таму. Арсен Венгер е таму. Рафа Бенитез е таму. Направив повеќе од доволно за и јас да бидам таму. Но беше донесена одлука.”

“Челзи отиде по својот пат јас по мојот. Јас продолжив да освојувам важни работи. Тие продолжија да освојуваат… нешто.”

“Тие го освоија ФА Купот. Но најважна работа е односот што го имаме. Нема жалење, нема големи проблеми. Само почит.”

“Во фудбалот, враќањето во стариот тим, важно е да се почувствува на начинот на кој јас го чувствувам. Тоа е едно од најубавите работи во фудбалот.”

Сепак една работа за која жали Мурињо е тајмингот за неговото заминување од Стемфорд Бриџ.

“Да променам една работа? Тоа би било… би сакал да заминев од клубот денот по освојувањето на ФА Купот во мојата трета сезона.”

“Тајмонгот беше погрешен. Чекав три или четири месеци повеќе и потоа, заминав во септември и не уживав во моето време од тој период се додека не заминав во Интер.”

“За мене е многу болно да сум надвор од фудбалот. Доколку заминев од Челзи во мај, ќе ја започнев следната сезона во нов клуб и немаше да треба да паузирам од шест до седум месеци.”

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top