• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Мурињо: Веќе оставивме печат во Европа, без оглед дали сме ја освоиле ЛШ

Мурињо: Веќе оставивме печат во Европа, без оглед дали сме ја освоиле ЛШ

Жозе Мурињо, тактичарот број еден на светот го сруши митот за непобедливоста на Барселона, откако неговиот тим со Горан Пандев 55 минути во него ја победи каталонската машинерија со 3-1 во која најдобриот над најдобрите Лионел Меси не се виде. Ваква е констатацијата на речиси целата фудбалска јавност во Европа по синоќешниот прво полуфинален меч на „Џузепе Меаца“

 |  Маја Савиќ  | 
Liga Shampioni
Лига Шампиони

Inter„Сан Сиро слави, готово е!“ е насловот на тиражната „Газета дело Спорт“ по големата победа на Интер против актуелниот европски првак Барселона со 3-1 во првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите. Италијанците еуфорично слават голема победа во која Жозе Мурињо го урна митот за непобедливата Барса и за надчовекот Лео Меси. Од друга страна каталонските медиуми, во честитките до Интер, потенцираат, „во вторник лов на 2-0“.

Повеќе од јасно е дека полуфиналната пресметка на своето полувреме не завршува. Допрва следуваат возбудувањата на „Ноу Камп“.

– Тешко е да се одбраниш од Барселона, тешко е да им дадеш гол, а уште потешко да ги победиш. Затоа заслуживме победа, но далеку сме од финалето. Имаме уште многу работа, не заборавајте, не чека дуел во Барселона. Барселона е најдобра на свој терен. Денеска победивме со вистински дух и перфектен перформанс. Ја студиравме играта, знаевме што треба да направиме, но примивме гол на почетокот од грешка. Сепак, ова е фудбал и во Барселона се може да се случи, па и да загубиме со многу голови. Но јас морам да кажам дека Интер веќе остави свој белег во Европа, со победа на пет меча по ред и ако не ја освоиле Лигата на шампионите годинава, тоа сигурно че го сториме во блиска иднина. Јас имам само пофални зборови за моите играчи, горд сум на нив и сега мора да се бориме за да го оствариме сонот. А шансите се 50-50, да одиме во финале или да го завршиме настапот во Европа – рече Жозе Мурињо, тренерот на Интер.

Пеп Гвардиола, тренерот на Барселона по мечот истакна дека неговиот тим играл премногу енефективно и дека го платиле данокот на брзата игра на домаќинот пред се на напаѓачката линија

– Нема изговор за ова. Тие постојано се обидуваа да не остават зад грб бидејќи имаат брзи напаѓачи. Одиграа во голем стил, а ние не бефме ефективни, како на многу други мечеви, не личевме на себе. Иако поведовме, таа неефективност ни се одмазди. Сега не очекува долг пат, за да се вратиме во игра, но верувам во нашата желба. Се уште имаме шанса ако го дадеме најдоброто од себе. Тоа што ни фалеше, брзата игра, сега се надевам дека ќе ја имаме на домашен терен и дека со напаѓачка игра ќе се радуваме на крајот – рече Гвардиола.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top