Мурињо: Ја одбив можноста да бидам селектор на Англија

Тренерот на Интер, Жозе Мурињо вели дека ја одбил можноста да биде селектор на репрезентацијата на Англија.

 |  Маја Савиќ  | 
murinjo
Мурињо

MurinjoМурињо беше слободен агент кога селекторското место на Англија беше испразнето по заминувањето на Стив МекКларен, кој не успеа да обезбеди пласман на ЕВРО 2008.

Англија се одлучи да го ангажира Фабио Капело но Мурињо вели дека тој имал можност да го превзеде кормилото на селекцијата.

Во пресрет на дуелот помеѓу Интер и Челзи во Лигата на Шампионите, Мурињо беше запрашан за неговиот поранешен капитен Џон Тери и неодамнешната контроверзија.

“Не сум селектор на Англија и не сакам да коментирам за Тери исто како што не сум претседател на Челзи па нема да ги коментирам одлуките на Роман Абрамович.” – рече Мурињо.

“Можев да бидам селектор на Англија но не сакав, исто така немам шанси да бидам сопственик на Челзи.”

“Кога Англија беше во потрага на нов селектор и ме контактираа јас бев најгордиот тренер во светот.”

“Многу размислував околу тоа. Од една страна јас ја посакував таа работа но од друга страна знаев дека тоа не е правата работа за мене бидејќи сакам да работам секој ден.”

“Тоа не беше работа за мене и јас решив да ја одбија.”

“Тоа беше добра одлука, Англија потоа одбра многу искусен селектор кој одлично си ја врши работата.”
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top