Мурињо: Никогаш не губам на “Стемфорд Бриџ”

Тренерот на италијанскиот шампион Интер Жозе Мурињо изјавил дека очекува неговата екипа да ги продолжи натпреварите во Лигата на Шампионите и дека нема да загубат на гостувањето во Лондон.

 |  Маја Савиќ  | 
Liga na Shampioni
Лига на шампиони

MurinjoТренерот на италијанскиот шампион Интер Жозе Мурињо изјавил дека очекува неговата екипа да ги продолжи натпреварите во Лигата на Шампионите и дека нема да загубат на гостувањето во Лондон. По победата од 2:1 , Мурињо е убеден дека неговиот тим може да остане непоразен на реванш средбата и во таа прилика изјави:

“Мурињо не губи на Стемфорд Бриџ” – изјавил Португалецот.

Како менаџер на “сините” од Лондон тој немаше пораз на домашен терен. Исто така Мурињо признал дека судијата погреши со одлуката да не досуди пенал за Челзи во финишот на првото полувреме.

“Дојдов овде како чесен човек и така ќе се однесувам. Оваа вечер Челзи заслужи да добие право да изведува пенал, но судијата направи погрешна проценка” додаде Мурињо.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top