Мурињо: Не сум Хари Потер!

Вечните критичари на тренерот Хозе Мурињно едвај дочекаа да потфрли со Реал на самиот старт на сезоната.

 |  Маја Савиќ  | 
Murinjo vo Real
Мурињо во Реал

Murinjo vo RealВечните критичари на тренерот Хозе Мурињно едвај дочекаа да потфрли со Реал на самиот старт на сезоната.
Реал загуби два бода уште во првото коло додека најголемиот ривал Барселона почна фуриозно. Реал на гости кај Мајорка одигра 0:0.
Мурињо минатата сезона со Интер освои се што можеше да се освои.Лигата на шампиони, првенството и купот на Италија. После тоа го ангажира Реал Мадрид на местото на Пелегрини. Во Реал се надеваат дека најдобриот светски тренер ќе го прекине долгиот период без трофеи. Но работите не тргнаа најдобро, на што Мурињо во интервју за шпанскиот „AS“ изјави:
-Јас сум тренер а не Хари Потер! Тој е волшебник. Но магијата е фикција, а јас живеам за фудбалот кој е реален. Во Мадрид сум само 2 месеци. Но јас сум идеален тренер за Реал бидејќи не се плашам од никого и од ништо. На Реал му треба стабилност која јас ќе му ја всадам.
-Ако работите тргнат лошо и ако дојде до тоа да морам да го напуштам Реал, на мене чека еден од најголемите клубови на светот.-заклучил Мурињо.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top